Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Овие ќофтиња се лесен начин да уживате во омиленото јадење вон сезоната.

Свежа зелка се користи за овие ќофтиња, па можете да ја правите и во летниот период. Полесно и побрзо се прават од класичните сарми.

Потребни состојки:
  • 200 гр ориз
  • 1 кг мешано мелено месо
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1 поголем кромид
  • 2 чешниња лук
  • 800 гр зелка исчистена и исечкана на коцки
  • 1 лажица свежи или суви листови магдонос
  • 1 лажица копар
  • 1 лажичка сол
  • бибер
  • 800 гр доматно пире
  • 1 коцка пилешка супа
  • 250 мл вода
  • 250 мл полномасна павлака
  • 2 листа ловор
Подготовка:

Сварете го оризот според упатството на пакувањето и малку изладете го. Ситно исечкајте го кромидот, а зелката исчистете ја и исечкајте ја на коцки. На тивок оган пропржете ги кромидот и зелката на лажичка маслиново масло и путер додека не омекнат, 7-10 минути. Додадете го ситно сечканиот лук во последните 30 секунди пред да тргнете од оган.

Загрејте ја рерната на 180°C. Во голем сад измешајте сварен ориз, кромид, зелка, мелено месо, сечкан копар и магдонос. Зачинете со сол и бибер и добро измешајте со раце за смесата да се соедини. Обликувајте ги ќофтињата, па пржете ги во серии со лажичка маслиново масло.

Во мало тенџере измешајте доматно пире и пилешки коцки со вода. Загрејте со постојано мешање додека пилешката супа не се раствори во сосот. Тргнете од оган и измешајте со павлаката.

Наредете ги сарма ќофтињата во сад за печење со капак. Прелијте ги со сосот, додајте ловорови листови и печете поклопено во загреана рерна 40 минути, а потоа тргнете го капакот и печете уште 10 минути.

Тагови
реклама

6 симптоми дека имате дефицит на витамин Д во вашето тело

Read more

Како со диетата 80/20 може да слабеете додека ја јадете вашата омилена храна?

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Летна салата со печена пченка

Read more

Вреди да вклучите рерна: Најдобриот рецепт за крцкави печени компири

Read more
Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Read more

Грешки во готвењето што го расипуваат вкусот на полнетите пиперки

Read more
 

Магазин

Кои хороскопски знаци живеат по мотото „Целта ги оправдува средствата“?

Читај повеќе

Суперхрана која може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто е важно да јадете зелен лиснат зеленчук во лето?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Летна салата со печена пченка

Читај повеќе

Седум навики на родителите кои воспитуваат среќни деца

Читај повеќе

Како помалку да се потите на високи температури?

Читај повеќе

6 симптоми дека имате дефицит на витамин Д во вашето тело

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата со парите во јули

Читај повеќе
  • play_arrow

Вреди да вклучите рерна: Најдобриот рецепт за крцкави печени компири

Читај повеќе