Саудиските милиони се покажаа премногу примамливи за Ѓоковиќ и Надал

Со месеци е познато дека планот на Саудиска Арабија да заземе позначајна позиција во светскиот тенис и со тоа да биде важна во еден од најпопуларните спортови на планетата.

Кон крајот на минатата година Ријад беше домаќин на турнирот на најдобрите млади тенисери во светот, а во октомври 2024 година Саудијците ќе организираат турнир наречен „Шест кралеви“ каде сакаат да ги соберат најголемите имиња во светот на тенисот.

Станува збор за егзибициски турнир за кој Саудијците се подготвени богато да им платат на учесниците, а поканата сега ја прифатија Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, спортисти кои ја одбележаа актуелната тениска ера.

Така, Ѓоковиќ и Надал ќе играат на овој турнир кој е закажан за октомври, а ќе играат против Карлос Алкараз, Данило Медведев, Холгер Руне и Јаник Синер.

URL

Ѓоковиќ во кариерата има освоено 24 Грен слем титули, Надал има 22, а сигурно е дека нивниот настап ќе додаде тежина на овој турнир, дека ќе го привлече вниманието на јавноста, а со тоа и на спонзорите.

Интересно е и тоа што Надал во јануари потпиша договор за да стане амбасадор на саудискиот тенис и во иднина ќе работи на развојот на овој спорт во кралството.

Октомврискиот турнир ќе биде егзибициски и нема да носи поени за АТП турнејата, а Саудијците активно работат на проектот да ги доведат финалните мајстори на ВТА турнејата во својата земја.

реклама

Тенис

Рафа за најголемиот ривал: Би рекол Новак и Роџер

Read more

Познати првите информации за повредата на Ноле и колку ќе отсуствува

Read more

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Read more

Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите експерти

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе