Шест знаци дека вашиот партнер има ниска емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е способност да се препознаат и да се соопштат сопствените, но и да се препознаат туѓите емоции.

Клиничката психотерапевтка и извршна директорка на Holistic Wisdom, Лиса Лолес, вели дека кога некој има високо ниво на оваа интелигенција, тој е способен да се прилагоди и ефикасно да ги реши несогласувањата.

Кога станува збор за љубовна врска, луѓето со висока емоционална интелигенција можат да пружат поддршка, квалитетна интимност и доверба на своите партнери. Затоа, добро е да знаете кога на вашиот партнер му недостасуваат овие квалитети.

Не придава значење на вашите чувства

Ако вашиот партнер не реагира на вашите емоции или едноставно не ги препознава и не им придава значење, тоа укажува на ниска емпатија или емоционална интелигенција. Тоа значи дека таквите луѓе немаат способност да се стават „во туѓа кожа“.

Тешко се контролира

Оваа ситуација најдобро можеме да ја видиме кај децата чија емоционална интелигенција сè уште не е целосно развиена. Како што растеме треба да стекнеме вештини за самоконтрола и управување со негативните емоции. Ако ви се чини дека партнерот бурно реагира и на најмалите работи, тоа укажува на ниска емоционална интелигенција.

Се однесува бесчувствително

Дали ви се случува партнерот понекогаш да нема „осет“ за ситуациите во кои се наоѓа? На пример, им дава непријатни коментари на луѓето околу него. Тоа значи дека има проблем со разбирањето на туѓите емоции.

Не знае да сослуша

Ако понекогаш ви се чини дека партнерот не ве следи додека му објаснувате важни настани или ситуации, ова е исто така знак дека тој има ниско ниво на оваа интелигенција. Исто така, постојаното прекинување исто така спаѓа во оваа група на однесувања. Ова се исто така знаци дека партнерот не се однесува со почит кон вас.

Сака да ги „реши“ вашите проблеми без да го побарате тоа

Еден од знаците на ниска емоционална интелигенција е обидот да се решат ситуациите без да се разберат емоциите на личноста во врска со проблемот. Ова најдобро се гледа кога ви кажува што сте требале да направите во одредена ситуација.

Секогаш ја префрла вината

Партнерот со ниска емоционална интелигенција генерално има проблем со преземање на вината. Тој секогаш ќе се обидува да ја префрли својата вина и одговорност врз други луѓе. Ова е знак дека личноста не е во состојба да управува со чувствата како вина и срам.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе