Шолц бара да се сменат правилата на гласање во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе ги вложи сите напори за Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за ЕУ. Според него, ЕУ треба да се отвори и за други земји, а тој се залага и за реформи во Унијата, пред сè кога станува збор за правилата на гласање.

Шолц упати барање ЕУ да премине на донесување надворешнополитички одлуки со квалификувано мнозинство, што подразбира укинување на правото на вето на поединечни земји, но, мала е веројатноста да ја добие поддршката од Франција и од уште неколку земји, јави порталот Politico.

Зборувајќи пред пратениците во Бундестагот, пред Самитот на Европскиот совет, што треба да се одржи денеска и утре, Шолц истакна дека одлучно ќе се залага на Украина и на Молдавија да им се додели статус кандидат за членство во ЕУ. Тој посочи оти ваквата заложба носи одредени обврски.

– Ќе ги вложам сите напори во Европскиот совет за да обезбедам цела ЕУ едногласност да ги прифати кандидатурите на Украина и Молдавија за членство, најави германскиот канцелар.

Како што тој додаде, „ЕУ исто така мора да биде способна да прими нови членови“.

Тој повтори дека се залага за реформи во ЕУ, првенствено за промена на правилата на гласање, со што би се спречило поединечни земји да блокираат мнозински одлуки, особено нагласувајќи ја надворешната политика како област каде потребна е таква промена.

Неколку земји од ЕУ, вклучувајќи ја Франција, веќе изнесоа забелешки за укинување на правото на вето во клучни области, како што е надворешната политика.

Шолц повика да се усвои Маршаловиот план за обновување на Украина по војната. Тој најави дека Германија ќе инсистира на создавање „меѓународни експертски конференции на високо ниво“ за координација во напорите за обнова на Украина.

Remote video URL
Тагови
реклама

Свет

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more
 

Вести

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе