Што нуди Icon of the Seas - најголемиот крузер во светот

Покрај тоа што ќе биде најголемиот брод за крстарење во светот, Icon of the Seas ќе го има и најголемиот аквапарк на море.

Royal Caribbean International официјално го претстави изгледот на долгоочекуваниот Icon of the Seas, најголемиот брод за крстарење во светот.

Како што се наведува во соопштението, овој брод, кој соборува многу рекорди, треба да пристигне на крајот на 2023 година, а своето прво патување да го започне во јануари 2024 година.

Нов чекор во туристичката индустрија

Меѓу многуте карактеристики, крузерот ќе има плажи, одморалишта и аква парк, нудејќи им на своите гости пристап до различни форми на забава и релаксација, без оглед на возраста.

„Со секој нов брод, го подигнуваме нивото во индустријата за крстарење додека го подобруваме она што нашите гости го знаат и го сакаат“, рече Џејсон Либерти, претседател и извршен директор на Royal Caribbean Group.

„Од моментот кога ќе се качат, секое искуство е специјално дизајнирано да им го овозможи најдобриот одмор, каде било, на копно или на море. Со Icon of the Seas, ова го подигнавме на следното ниво и го создадовме врвниот семеен одмор.“

Новиот брод нуди забава со адреналин, вклучувајќи го и најголемиот аквапарк на море, незаменливи начини за релаксација со поглед на океанот и повеќе базени од кога било досега (по еден за секој ден во неделата). На гостите им се нуди и мешавина од 40 нови и стари ресторани, барови и ноќни клубови.

„Icon of the Seas е кулминација на 50-годишното обезбедување незаборавни искуства и ја претставува нашата следна посветеност на туристите“, рече Мајкл Бејли, претседател и извршен директор на Royal Caribbean International.

„Сега, повеќе од кога било досега, семејствата и пријателите им даваат приоритет на искуствата каде што можат да се поврзат и да уживаат во незаборавните авантури. Тргнавме да создадеме одмор што го прави сето можно на едно место.“

Карактеристики на бродот за крстарење Icon of the Seas:

20 нивоа

2.350 членови на екипажот

2.805 кабини

5.610 гости

7 базени

6 слајдови

Долг е 365 метри

Remote video URL

Нема сомнение дека Icon of the Seas е многу импресивно пловило, направено за уживање - само се надеваме дека нема да ја доживее истата судбина како крстосувачот Global Dream II, кој никој не сака да го купи.

реклама

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

Скопје за време на Прва светска војна

Read more

3 едноставни чекори како да ослабите 10 килограми

Read more

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Read more

Чек дис аут

Скопје за време на Прва светска војна

Read more

Претставена првата подводна вендинг машина за слатки, валутата е забава

Read more

Колумбија го бара „светиот грал“: Праќа експедиција до потонат брод со богатство

Read more

Аналитичарка на соништа открива што значи кога постојано сонуваме една иста личност

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скопје за време на Прва светска војна

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставена првата подводна вендинг машина за слатки, валутата е забава

Читај повеќе

Тајна состојка во пржениот кромид за трипати повкусни јадења

Читај повеќе

Како правилно се чисти чергичето пред врата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сензационално издание на шведската убавица Елса во Кан

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци имаат најмногу среќа во љубовта?

Читај повеќе

Постојано сте гладни? Телото всушност ви испраќа сигнал итно да промените една навика

Читај повеќе

Кој полесно се откажува од цигари - мажите или жените?

Читај повеќе
  • play_arrow

За гурмани во кујната: Пица бурито

Читај повеќе