УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Спалети го објави списокот на Италија за ЕУРО

Макфакс/Кајгана
/ 23.05.2024 / 20:53

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, денеска го објави поширокиот список на играчи за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија.

Италија ја брани титулата европски првак, која ја освои во 2021 година. „Аѕурите“ до почетокот на Европското првенство ќе одиграат пријателски натпревари со Турција и Босна и Херцеговина.

Повик од селекторот не добија Чиро Имобиле и Мануел Локатели, кои беа стандарни во тимот на Роберто Манчини во походот на европската круна. Интересно, Спалети го повика фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли, кој не игра од октомври поради суспензија. Фаџоли беше казнет поради нелегалното обложување.

ЕУРО 2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија, а Италија во групата Б ќе игра против Шпанија, Хрватска и Албанија.

На списокот на Спалети се само тро0јца играчи кои не играат во Италија и тоа двајцата голмани Донарума од ПСЖ и Викарио од Тотенхем, како и Жоржињо од Арсенал. Сите останати играат во Серија А, а најмногу има од шампионот Интер - 6.

Голмани: Џанлуиџи Донарума, Алекс Мерет, Иван Проведел, Гуљелмо Викарио.

Одбрана: Франческо Ачерби, Алесандро Бастони, Раул Беланова, Алесандро Буонџорно, Рикардо Калафјори, Андреа Камбјазо, Матео Дармјан, Џовани Ди Лоренцо, Федерико Димарко, Џанлука Манчини, Џорџо Скалвини.

Среден ред: Николò Барела, Брајан Кристанте, Николò Фаџоли, Мајкл Фолоруншо, Давиде Фратези, Жоргињо, Лоренцо Пелегрини, Самуеле Ричи.

Напад: Федерико Кјеза, Стефан Ел Шаарауи, Рикардо Орсолини, Џакомо Распадори, Матео Ретеги, Џанлука Скамака и Матиа Ѕакањи.

реклама

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе