Компанијата Apple наскоро ќе претстави неколку нови уреди меѓу кои се два Apple Watch, новиот iPad Air, како и 4 нови модели на iPhone.
Apple оваа година планира да продаде помеѓу 75 и 80 милиони модели iPhone 5G. Ова е јасен знак дека од компанијата сметаат оти пандемијата со коронавирус нема да ја намали потрошувачката на смартфони.
Bloomberg пишува дека Apple наскоро ќе претстави неколку нови уреди, пишува The Verge.
Се очекуваат 4 нови модели на iPhone со OLED екрани со големина од 5,4, 6,1 и 6,7 инчи.
Верзијата со 6,1-инчен екран ќе биде опција за Pro модел. Во понуда ќе биде и нова темно сина боја која ќе го замени зелениот 11 Pro.
Сите нови модели ќе поддржуваат 5G мрежа, а ќе имаат и нов дизајн.
Американската компанија ќе го претстави и новиот iPad Air со тенки рабови. Овој iPad Air најверојатно ќе има 10,8-инчен екран.
Се очекуваат и два нови паметни часовници, помал и поевтин HomePod звучник и нови слушалки.
Во септември најверојатно ќе биде достапен и новиот оперативен систем iOS 14.
Читајте следно: Новиот Apple Watch 6 ќе детектира напади на паника