Samsung за 28 април го најави настанот Unpacked на кој ќе го претстават „најмоќниот Galaxy“ уред.
Како и вообичаено, тизерите за ваквите најави не откриваат многу детали, но се чини дека нема да го претстават Galaxy Z Fold 3 кој според претходните најави би требало да пристигне во јули и ќе биде замена за Galaxy Note.
Најверојатно ќе ја претстават новата линија на лаптопи Galaxy Book која одговара на описот „најмоќен Galaxy уред“.
Актуелните модели се појавија во 2019 година, а во некои земји пристигнаа дури минатата година. Се очекува дека новите лаптопи ќе користат Intel Tiger Lake процесори од 11. генерација.
Исто така, веќе некое време се шпекулира дека Samsung работи на новата линија на Galaxy Book Pro лаптопи со 13,3 и 15,6-инчни OLED панели, S-Pen и нови процесори. Galaxy Book pro 360 би требало да поддржува и 5G мрежа.
Погледнете го трејлерот: