Што знаеме за вирусот кој може да биде активатор за мултипла склероза?

Вирусот што предизвикува мононуклеоза може да предизвика имунолошкиот систем на една личност да го нападне сопственото ткиво неколку години по инфекцијата.

Научниците веќе некое време се сомневаат дека вирусот Епстин-Бар (EBV), еден од најчестите вируси меѓу луѓето, може да биде предизвикувач за мултипла склероза, автоимуна болест која погодува околу 36 луѓе на 100.000 луѓе ширум светот.

Сепак, тие сè уште не можат да разјаснат како вирусот, кој вообичаено се смета за причина за мононуклеоза, во некои случаи, не кај сите заразени луѓе, го стимулира човечкиот имунолошки систем да го нападне сопственото ткиво години по инфекцијата. Но, научниците од Универзитетот во Тексас можеби успеаја.

Грешка во имунолошкиот систем

Кај мултипла склероза, имунолошкиот систем погрешно го напаѓа миелинот, заштитната обвивка што ги покрива нервните влакна во мозокот и 'рбетниот мозок.

Некои претходни истражувања покажуваат дека тоа се случува поради молекуларна мимикрија: протеините на вирусот се слични на протеините во миелинот, така што имунолошкиот систем почнува да ги препознава сопствените протеини на телото како туѓи и почнува да ги напаѓа.

Нападот на имунолошкиот систем е активиран од антитела произведени од Б-клетките, еден вид леукоцити или бели крвни зрнца.

Поради „збунетиот“ одбранбен систем тие по грешка се врзуваат за природните молекули и на тој начин ги обележуваат за уништување. Ова е само дел од процесот бидејќи Т-клетките, друг вид бели крвни зрнца, исто така се вклучени во одбраната.

Тие ги препознаваат алармните сигнали испратени од заразените клетки. Ова се случува во форма на антигени, специјални протеински фрагменти кои се појавуваат на површината на заразените клетки. Имунолошкиот систем потоа произведува армија од клонови на Т-клетките кои се специфични за одреден антиген.

Т-клетките и вирусот

За подобро да ја разберат улогата на Т-клетките, научниците го следеле „однесувањето“ на Т-клетките во примероците на крв и цереброспинална течност од осум лица со рани симптоми на мултиплекс склероза.

Она што беше забележано потоа беше споредено со тоа како Т-клетките реагираа на лабораториски израснати клетки инфицирани со вирусот Епстин-Бар или почест вирус, како што е вирусот на грип.

Тоа покажа дека само 13 отсто од Т-клетките во примероците од крвта на пациентите имаат рецептори за препознавање на клетките инфицирани со EBV, а само четири отсто препознаваат антигени на грип.

Сликата беше сосема поинаква кога овие бројки се споредија со оние од CSF. Таму, бројот на Т-клетки што ги препознаа клетките инфицирани со EBV буквално „експлодираше“. Ги имало дури 47 отсто.

„Веројатно најважна улога во развојот на болеста имаат Т-клетките кои се присутни во цереброспиналната течност во најраните фази на мултипла склероза. Тие или придонесуваат за развојот на болеста или дури ја предизвикуваат“, коментира неврологот Џон Вилијам Линдзи, еден од авторите на студијата.

Интересно е што мултипла склерозата не е единствената „одложена“ болест со која се поврзува вирусот Епстин-Бар. Истиот агенс е обвинет и за синдром на хроничен замор или мијалгичен енцефаломиелитис.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе