Светската здравствена организација (СЗО) не може да ги потврди информациите дека вакцината против COVID-19 на компанијата AstraZeneca може да го загрози здравјето на луѓето, изјави денеска Мелита Вујнович, претставник на СЗО во Русија.
– Сите вакцини, особено новите, се предмет на специјален фармаколошки надзор. Ова значи дека секој случај на сериозно влошување на здравјето веднаш се испитува од страна на специјална комисија според посебен протокол. СЗО испитува дали има врска помеѓу вакцинацијата и случајот (на влошување на здравјето), рече Вујнович.
Читајте следно: Данска и Австрија ја прекинаа имунизацијата со AstraZeneca по смртни случаи од тромб
– Во моментов немаме докази дека овие случаи се предизвикани од вакцинација со AstraZeneca, додаде таа.
Претходно, Данска, Исланд и Норвешка ја прекинаа употребата на вакцините на AstraZeneca по информации за формирање тромб кај вакцинирани лица.