Постојат три типа на жени со кои ниту еден маж не може долго да издржи во врска од причини кои им се јасни на сите, освен на нив самите. Погрижете се да не сте меѓу овие жени.
Таквите жени мислат дека светот се врти само околу нив и дека сите треба да им бидат на услуга, вклучително и партнерот, кој го третираат како свој слуга. Се разбира, тие никогаш нема да направат ништо за другите, бидејќи мислат само на себе. Знаат да бидат љубезни и мили кога сѐ е по нивно, но ако нешто не им се допаѓа, умеат да направат скандал.
Со ваквите жени е невозможно да се опуштите бидејќи тие се како темпирани бомби кои се способни да експлодираат и поради најмалата ситница, без разлика каде се наоѓаат. На никој не му е удобно да биде во нивно друштво, а камоли во љубовна врска со нив.
Можеби најтешко е да се биде во врска со жена на која мажот треба секој ден да ѝ потврдува дека е убава и згодна затоа што таа самата не е свесна за тоа. Жените кои се искомплексирани поради својот изглед во врската обично се многу љубоморни на пријателките или колешките на партнерот, особено на оние кои изгледаат подобро од нив.