УФЦ борач го предизвика Зума: Ако си толку силен дојди шутни ме мене

Полски УФЦ шампион јавно го повика фудбалерот на Вест Хем да проба него да го удри, откако целиот свет го виде видеото на кое тој ја шутира својата мачка.

Јан Блахович беше светски УФЦ шампион во полутешка категорија од 2020 до 2021 година. Синоќа преку Twitter му упати порака на Курт Зума поради неговото малтретирање на сопствената бенгалска мачка.

„Ако си толку силен, мајкое**ачу, Курт Зума, пробај мене да ме шутнеш. Какво гомно. Нема толеранција за суровост кон животните“, напиша Блахович.

URL

Оваа реакција на Полјакот е откако на социјалните мрежи се рашири видео на кое се гледа како Французинот брутално ја малтретира сопствената мачка. На видеото се гледа како Зума ја фрла мачката на подот, а потоа ја клоца со сета сила, подоцна фрла кон неа со чевли, ја брка низ станот и на крајот силно ја шутира со рака додека држи дете во раце. Видеото го снима друго лице кое гласно се смее.

URL

Видеото прво беше објавено од The Sun, по што се рашири насекаде. Вест Хем, клубот каде минатото лето Зума пристигна од Челси, најостро го осуди ваквото однесување на својот играч.

Потоа следуваше и извинување од самиот играч кој изјави дека нема објаснување зошто така се однесувал и дека искрено жали. 

Не е познато со какви повреди се здобило животното. Вест Хем најави дека Зума ќе биде интерно казнет.

Останува да видиме дали Зума ќе го прифати предизвикот на Блахович, во што чисто се сомневаме.

URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе