Уметникот кој ги кршеше правилата: 8 работи кои треба да ги знаеме за Рембрант

Рембрант Харменсзоон ван Рајн е веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста.

„Ноќна стража“ (De Nachtwacht) од 1642

1. Рембрант живеел во таканареченото Златно време на Холандија и бил водечки сликар во барокната ера (роден е на 15 јули 1606 година во Лајден, починал на 4 октомври 1669 година во Амстердам).

2. Рембрант бил одличен портретист и своите вештини, покрај класичните портрети, ги применувал и на големи историски и библиски теми.

3. Често сликал автопортрети, што бил еден вид експеримент со оглед на тоа што се сликал во различни фази од животот, односно се следел како што стареел.

4. Покрај сликарството, Рембрант бил доста добар и како графичар. Имал способност во гравурите да направи исклучително сложени детали на мал простор. Неговите гравури ги надминале границите на Холандија и му донеле меѓународна слава.

5. Ребрант бил господар на светлината и го покажувал односот светло-темно, кјароскуро. Таа игра на светлината придонесувала за драматичност на сцените, а на ликовите им давала карактер.

„Каменувањето на Св. Стефан“ (De steniging van de Heilige Stefanus) од 1625

6. Рембрант ги прекршил правилата кои дотогаш важеле кога станува збор за сликање историски, алегориски и библиски композиции. Неговите ликови не биле формални, туку изгледале природно и спонтано. Неговите главни ликови се чини дека се подготвуваат за мисии или се релаксираат заедно, додека споредните фигури се природно распоредени околу една фокусна точка.

7. И покрај финансискиот успех, до крајот на 40-тите години од 17 век Рембрант го потрошил своето богатство и повеќе не можел да ја плаќа хипотеката. Ја продал куќата, многу предмети, слики од неговата колекција, како и својата печатница. Со семејството се преселил во помал дом и никогаш не се опоравил финансиски. Умрел во сиромаштија.

„Грабнувањето на Европа“ (De roof van Europa) од 1632

8. Кога еден критичар од 19 век рекол дека едно дело од Огист Роден е во истиот дух како на Рембрант, Роден одговорил: „Ме споредувате со Рембрант? Какво сквернавење! Со Рембрант, колосот на уметноста! Треба да клечиме пред Рембрант и никогаш никого да не споредуваме со него!“.

„Полски јавач“ (De Poolse Ruiter) од 1655
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе