УС Опен: Нишикори го елиминира Марej

Јапонецот Кеи Нишикори го елиминира Енди Мареј и се пласираше во полуфиналето на УС Опен. Нишикори по четири часа и три минути игра славеше во пет сета 1-6, 6-4, 4-6, 6-1, 7-5. 

Нишикори и Мареј одиграа неверојатен меч, иако по воведниот сет во најава беше лесна победа на Британецот. Мареј доминираше во првиот сет, загуби само еден гем. Нишикори се разбуди во вториот сет, откако поради дождот мораше да биде затворен покривот на „Артур Еш“.

Вториот сет му припадна на Јапонецот со 6-4, а со иста мерка возврати Мареј во третиот сет, во кој се случи серија брејкови. Во четвртиот сет Нишикори со неколку добри ритерни и форхенд винери успеа целосно да го исфрли противникот од ритам. Мари покажа доза на нервоза и го загуби сетот со 6-1.

Во последниот сет Нишикори прв стигна до брејк, имаше предност сé до 4-3, кога Мареј возврати, успеа да израмни, а потоа и да стигне до 5-4. Сепак, Јапонецот во критичните моменти покажа неверојатна ментална сила, успеа да добие три гема во низа и да слави над Британецот кој за многумина беше најголемиот фаворти за титулата.

Противник на Нишикори во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот меѓу Стан Вавринка и Хуан Мартин дел Потро. Во првото полуфинале ќе играат Гаел Монфилс и Новак Ѓоковиќ.

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе