Ужас по ужасот: Што се случило со телата на жртвите од „Титаник“?

„Титаник“ потона пред 110 години, но деталите за оваа трагедија што никогаш не беше целосно разјаснета уште интригираат луѓе низ целиот свет.

Бродот потона ноќта на 14 април, 1912 година, на околу 740 километри од најблиското копно. Првиот брод кој дошол на помош стигнал час и половина по тонењето, долго откако последната жртва во ладниот океан веќе била мртва. Температурата на водата изнесувала 2,2 Целзиусови степени, а на толку ниска температура човек може да преживее само 15 минути во вода.

Во оваа трагедија загинаа 1.517 луѓе, а најголема шанса за преживување имале патниците од прва класа: биле спасени 63 % од нив.

На „Титаник“ имало 20 чамци за спасување во кои можело да собере околу 1.100 патници, што било половина од бројот на патници на бродот таа кобна ноќ.

Тоа било во согласност со тогашните закони и се сметало за доволно. Сепак, 700 патници успеале да влезат во чамците за спасување. Повеќето од нив го напуштиле бродот полупразни, само за да заминат што е можно побрзо од бродот што тонел, најчесто со подмитување на екипажот.

Што се случило со телата?

Вистината ја кријат тајните телеграми чии автори мислеле дека никогаш нема да бидат откриени. Од содржината на телеграмите е јасно дека капетанот на еден од спасувачките бродови, „Мекеј-Бенет“, сакал да се врати и да ги извлече сите тела од морето.

Сепак, наскоро сфатил дека неговиот брод е премал за да собере 334 тела, колку што нашле неговите членови на екипажот. Потоа била донесена контроверзна одлука: ќе ги фрлат телата на патниците од најниската, трета класа, за да има место за оние од прва и втора класа. Екипажот одлучил дека тие имаат поголемо право на достоинствен погреб.

Од 334 најдени тела, повеќе од 100 биле исфрлени од бродот и никогаш не биле најдени во Атлантскиот Океан. Вистината за овој настан долго време беше скриена бидејќи содржината на телеграмите била доверлива, но историчарите подоцна ги „откопаа“ во тајни архиви.

Сиромашните останаа на милоста на морето

Во првата телеграма, капетанот напишал: „Мора да ги донесеме сите тела што ќе ги собере на спасувачкиот брод“.

„Мекеј-Бенет“ набрзо пратил одговор: „Направивме попис на сите документи и вредни предмети најдени со телата. Зарем не е најдобро сите да бидат погребани на море, освен ако нема некоја посебна желба или барање од семејствата?“

По кратка размена на телеграми, било договорено телата на посиромашните патници да се фрлат в море, а оние на богатите да се вратат на нивните семејства.

Ужасот пет дена подоцна

Кога „СС Бремен“, брод кој пловел од Европа во Америка, пет дена подоцна се доближал на местото на трагедијата, патниците на палубата почнале панично да врескаат.

Во далечината можело да се видат замрзнатите тела на патниците на „Титаник“ во елеци за спасување, како се белеат во водата.

Денови по потонувањето на бродот, местото на трагедијата било како огромна гробница завиена во магла.

„Видовме една жена во ноќница со бебе цврсто притиснато на градите", раскажува патничка на бродот „Бремен“, Јохана Штуке.

„Некои од нив беа свечено облечени како за на бал, а други беа во ноќници. Една жена држеше две деца во рацете“.

До крајот на април, сонцето и солта почнале да ги „јадат“ појасите за спасување, па телата почнале да тонат во океанот.

Тагови
реклама

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе