Во изминатиот период се појавуваа неколку фотографии од можниот дизајн на iPhone 13 Pro, но сега имаме јасен увид во неговиот „финален” изглед.
iPhone 13 Pro се очекува во септември, а дизајнот се поклопува со претходните информации, освен испакнатиот модул со камерите кој е поголем, но порамен.
Промена има и во рамката на уредот од нерѓосувачки челик која ќе биде помалку чувствителна на отисоци од допири на прстите. Забот на екранот ќе биде помал.
Сепак, кога станува збор за уредите на Apple, сите информации ги земаме со резерва, па останува да почекаме до септември.