Волстрит падна по слабите економски показатели

Цените на акциите на Волстрит паднаа бидејќи слабите макроекономски податоци ги поддржаа стравувањата дека агресивното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка ќе предизвика пад на економијата.

Dow Jones загуби 0,59 отсто, на 33.403 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,58 отсто, на 4.100 поени, а индексот Nasdaq 0,52 отсто, на 12.126 поени.

Најмногу паднаа цените во индустрискиот сектор

Во седум од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера паднаа, најмногу во индустрискиот, 2,25 отсто и енергетиката, 1,7 отсто.

Ова е резултат на новите податоци кои покажуваат дека растот на американската економија забавува.

Извештајот, според кој фабричките нарачки паѓаат втор месец по ред, ги потврди податоците објавени ден претходно за слабеење на производната активност.

Дополнително, понудата на нови работни места падна во февруари на најниско ниво во последниве речиси две години, што покажува дека пазарот на труд „се лади“.

„Бројот на понуди за работа падна, што покажува дека вработувањето забавува, а тоа е лошо за економијата. Тоа ги поддржа стравувањата од рецесија“, рече Сал Бруно, директор на IndexIQ.

Банкарскиот сектор е под притисок

Под притисок се најде и банкарскиот сектор, откако Џејми Димон, извршен директор на JP Morgan, во писмо до акционерите предупреди дека кризата на американските банки продолжува и дека влијанието од тоа ќе се чувствува со години.

Цените на акциите на Bank of America и Wells Fargo паднаа за повеќе од 2 отсто, додека индексот S&P 500 на банкарскиот сектор се лизна за 1,9 отсто.

Од друга страна, пазарот е поддржан од надежта на инвеститорите дека поради слабеењето на инфлаторните притисоци и забавувањето на економскиот раст, американската централна банка ќе престане со циклусот на зголемување на каматните стапки.

На пазарот на пари, се проценува дека има речиси 60 отсто шанси ФЕД дополнително да не ги зголеми каматните стапки во мај, додека шансите за зголемување на каматната стапка од 0,25 процентни поени паднаа на само 40 отсто.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,50 отсто, на 7.634 поени, а париски CAC за 0,01 отсто, на 7.344 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,14 отсто, на 15.603 поени.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе