Ново истражување покажа дека имунолошкиот одговор кај децата е значително подобар отколку кај возрасните луѓе. Тој им помага да бидат добро заштитени од тежок облик на COVID-19.
Истражувањето споредило ковид инфекции кај деца и возрасни на повеќе органи. Утврдено е дека кај децата е застапен подобар имунолошки одговор на дишните патишта и тоа помогнало во ограничувањето на репликација на вирусот.
Докторите од Универзитетскиот колеџ во Лондон соработувале со неколку болници и собрале примероци на крв и плунка од 19 деца и 18 возрасни пациенти. Некои од нив не покажале симптоми на зараза со коронавирусот, додека други развиле тежок облик на болеста. Зеле и контролни примероци од 41 возрасен и деца.
Масахиро Јошида, водач на студијата, објасни дека вирусот е нов и имунолошкиот систем кај возрасните не е во можност веднаш да реагира на него. Детскиот имунолошки систем побрзо се адаптира и е во состојба подобро да одговори на нови закани.
Наведено е и дека Б и Т клетките кај возрасните може да му помогнат на вирусот побрзо да се шири на органите.