Zenvo Aurora „лета“ со 450,6 км/час и чини 2,59 милиони евра

Данската компанија Zenvo официјално го претстави својот нов хиперавтомобил Aurora во Калифорнија.

Zenvo нуди две верзии на Aurora. Двете верзии се ограничени на 50 примероци, а производството започнува во 2026 година. Цената на еден примерок е најмалку 2,59 милиони евра.

Без разлика на верзијата, хиперавтомобилот го придвижува 6,6-литарски V12 quad-turbo мотор развиен од Mahle Powertrain. Овој мотор самостојно развива 1.250 КС и „врти“ со 9.800 вртежи во минута.

Верзијата Agil има погон на задните тркала и еден електричен мотор кој ја зголемува вкупната моќност на 1.450 и 1.400 Nm вртежен момент, забрзува од 0 до 100 км/час за 2,5 секунди, а до 200 за 4,6 секунди. Максималната брзина е нешто повеќе од 365 км/час.

Верзијата Tour има уште два електромотори кои ги придвижуваат предните тркала, така што возачот има погон на четири тркала. Вкупната моќност е 1.850 КС и 1.700 Nm вртежен момент, што е доволно за Aurora да забрза од 0 до 100 км/час за 3,2 секунди и да достигне максимална брзина од 450,6 км/час. Дополнителни мотори се опционално достапни за Agil.

Моторот е поврзан со седумстепен менувач кој има електричен мотор, кој се вклучува кога се движи наназад и делува како стартер за погонската единица. Agil и Tur имаат различни поставки на менувачот. Што се однесува до батеријата, Zenvo не откри детали.

Agil тежи 1.300 кг и генерира 880 кг надолна сила при брзина од 250 км/час, додека Touring тежи 1.450 кг поради дополнителните два мотори.

И двете верзии на Aurora имаат „остар дизајн“, Agil доби големо крило, додека Touring има нешто „почиста“ форма. Шасијата и компонентите на Aurora се вистински уметнички дела. Дури 70 отсто од јаглеродниот монокок е „откриен“, вклучувајќи делови од предната и задната подрамка. Видливи се и делови од предната и задната двојна суспензија.

Zenvo не објави детали за ентериерот. Фотографиите ги прикажуваат различните инструменти пред возачот, со мал екран за инфозабава лево, голем тахометар во средината и комбиниран мерач на гориво и батерија на десната страна.

Повеќе фотографии видете во МЕГА ГАЛЕРИЈАТА.
Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе