Жртвите на сексуална злоупотреба од Католичката црква ќе добијат до 60.000 евра отштета во Франција

Католичката црква во Франција ќе ги обештети луѓето кои биле жртви на сексуална злоупотреба на свештеници, а сумата на пари се движи од 5.000 до 60.000 евра, пишува Le Parisien.

Независната комисија за признавање и компензација (CRR), формирана на барање на Католичката црква за да посредува меѓу жртвите и црквите каде што имало злоупотреби, разви рамка во која има одредени соодветни парични надоместоци за различни видови прекршоци и кривични дела.

Надоместокот ќе го плаќаат црквите

За плаќање на отштетата ќе бидат задолжени самите цркви. Според студијата објавена во октомври, од 50-тите, Католичката црква во Франција е одговорна за сексуалната злоупотреба на околу 216.000 деца и адолесценти.

Ако на тоа се додадат и жртвите на злоупотреба во институциите под контрола на црквата, бројот на жртви на сексуална злоупотреба се искачува на 330.000. Но, многу малку жртви се обратиле до црквата или до властите. Во Германија, во 2021 година, Католичката црква најави исплата на отштета за жртвите на злоупотреба во износ до 50.000 евра. Досега реализираните обештетувања во просек изнесуваат околу 5.000 евра.

реклама

Свет

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Read more

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Read more

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Read more

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Read more
 

Вести

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Читај повеќе

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Читај повеќе

Избрани 15-те млади поети кои ќе читаат на „Отскочна даска“ 2024

Читај повеќе