ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ 2023 - БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА

Зошто Конгоанците на химната ставија раце преку уста и си вперија пиштоли во главите?

Фудбалерите на ДР Конго синоќа беа елиминирани во полуфиналето на Африканскиот куп на нации откако загубија од домаќинот Брег на Слонова Коска, но она што го направија пред почетокот на натпреварот го обиколи светот.

За време на интонирањето на националната химна, сите фудбалери и стручниот штаб ја ставија десната рака на уста, а со левата рака направија пиштоли и ги вперуваа во главите. Тоа беше само на почетокот, а потоа ја испеаја химната „Телама беси Конго“ (Станете Конгоанци).

Многумина во близина на ТВ екраните беа збунети од овој чин, а по натпреварот мистеријата беше решена.

Имено, конгоанските фудбалери на овој начин сакале да го свртат вниманието на конфликтот меѓу армијата и бунтовниците, припадници на паравоената формација М23, во источниот дел на нивната земја, каде што се раселени десетици илјади луѓе.

Remote video URL

„Фудбалската репрезентација е симбол на националната гордост и сакавме да го свртиме вниманието на злосторствата што се случуваат на истокот на ДР Конго. Се надеваме дека тоа ќе престане“, изјави селекторот Себастјан Десабр, инаку Французин, кој исто така го испочитува потегот.

URL

Фудбалерите на ДР Конго во текот на натпреварот носеа црни ленти, а на крајот беа поразени со 1:0 од домаќинот на Африканскиот куп на нации благодарение на голот на Себастјан Але во 65. минута. „Слоновите“ се пласираа во финалето каде во недела од 20 часот ќе играат против фаворитот Нигерија.

Remote video URL
реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе