При првото спомнување на крокодил веројатно си помислувате дека ова животно нема непријатели. Има, и тоа еден неверојатен.
Кој би посакал да лови крокодил за да го јаде? Добро, освен човекот кој веќе нема што нема пробано од планетава. Но, во дивината една од омиленaтa хранa од менито на јагуарите се токму крoкодилите.
Но, како? Јагуарите спаѓаат во видот на мачки, животни познати по тоа дека не сакаат вода, а крокодилите токму во вода живеат. За несреќа на крокодилите, јагуарите се исклучок од ова правило и, напротив, уживаат во вода.