УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023 - ФИНАЛЕ ИСТАНБУЛ

Адани му објасни на Интер како да го сопре Холанд во финалето

Поранешниот дефанзивец Даниеле Адани прв му даде совет на Интер како во големото финале да го сопре норвешкиот џин во нападот на Манчестер Сити.

Во големто финале на Лигата на шампионите на 10 јуни во Истанбул за пехарот ќе се борат Интер и Манчестер Сити. Според богатството на клубовите и вредноста на играчите, тоа ќе биде дуел на Давид против Голијат, сите очекуваат одлучувачки фактор да биде норвешкото чудо Ерлинг Холанд.

Како Холанд ќе се покаже против тврдата италиајнска одбрана на Интер ќе видиме наскјоро, а прв со совет до „Нературите“ се јави нивниот портанешен дефанзивец Даниеле Адани. Зборувајќи за La Gazzetta dello Sport сподели како тој смета дела Интер може да го неутрализиура човекот кој на 49 настапи сезонава во сите конкуренции постигна 52 гола за „Граѓаните“.

„Нема да може само со еден човек. Ачерби е одличен во читањето на дефанзивата и ужива голема доверба кај Инѕаги, кој му дозволува да прави што сака при поставувањето“, почнува Адани.

„Како индивидуалец ќе мора да биде добар во тоа да не му дозволи на Холанд да го 'осети', затоа што ако Норвежанецот те почувствува, тогаш знае како да те измами со некој контра-маневар“.

„Потребно е разновидно, нелинеарно маркирање. Со Жиру може да се чуваш чекор за чекор 90 минути, но кај Холанд тоа не поминува“, советува играчот што две сезони, од 2002 до 2004, играше за Интер.

Покрај Интер, во својата кариера Адани најмногу играше за Бреша, како и за Модена, Фиорентина, Асколи и Емполи, а потоа се префрли во нисколигашот Самартинезе каде во 2011 ја заврши кариерата. За репрезентацијата на Италија одигра 5 натпревари, сите пријателски.

„Понекогаш треба да го оставиш да ја има контролата без да се обидуваш да го напаѓаш, особено кога теренот е зад тебе, затоа што при контрола на топка, иако дефинитивно се подобри со Пеп, сепак е линеарен“, додава.

„Тогаш на сцена ќе треба да стапи играчот од средината што игра пред одбраната, дали тоа ќе биде Чалханолу илу Брозовиќ, за да помогне да се измамат офанзивците како Де Брујне или други, можеби преку насочување на пас на одреден начин“, заклучува Адани.

Реал Мадрид успеа да го неутрализира Холанд, но сењпак неуспешно бидејќи тоа остави простор за останатите. Точно дека Норвежанецот во двата натпревара на Реал не му даде ниту еден гол, но бадијала кога „Кралевите“ примија 5 гола од други играчи.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Фудбал

Поради досадниот ПСЖ, Французите го менуваат форматот на лигата

Read more

Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Read more

Заврши сезоната за Феран Торес

Read more

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Read more
 

Спорт

Поради досадниот ПСЖ, Французите го менуваат форматот на лигата

Читај повеќе

Раул Асенсио обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Читај повеќе

Заврши сезоната за Феран Торес

Читај повеќе
  • play_arrow

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Читај повеќе

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Читај повеќе

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе