Цените на нафтата растат благодарение на побарувачката од Кина

На глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа втора недела по ред, бидејќи трговците очекуваат зголемување на кинеската побарувачка, додека загриженоста за рецесија во западните економии замина на втор план.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,8 отсто, на 87,63 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,8 отсто, на 81,30 долари.

Порастот на цените втора недела по ред главно се должи на очекувањата дека по укинувањето на строгите мерки за коронавирусот, растот на кинеската економија ќе забрза. А тоа ќе ја поттикне и побарувачката на нафта, имајќи предвид дека Кина е најголемиот увозник на „црното злато“ во светот.

Се предвидува рекордна глобална побарувачка

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) прогнозира дека, благодарение на Кина, глобалната побарувачка за нафта оваа година ќе достигне рекордни 101,7 милиони барели дневно, а Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), исто така, очекува кинеско закрепнување.

„Многу трговци веруваат дека ќе бидеме сведоци на посилна побарувачка од Кина бидејќи таа ги укинува мерките за коронавирусот од ден на ден“, рече Наем Аслам од Avatrade.

Цените на нафтата се поддржани од надежта дека американската централна банка нема да ги зголеми каматните стапки на толку високи нивоа како што очекуваат челниците на ФЕД.

Имено, повеќето челници на ФЕД деновиве велат дека ќе треба да ги зголемат клучните каматни стапки над нивото од 5 проценти за да ја потиснат инфлацијата.

Но, трговците на пазарот на пари проценуваат дека крајната каматна стапка, со која ФЕД би го запрел циклусот на зголемување, би можела да биде 4,89 отсто.

Покрај тоа, трговците се надеваат дека американската економија ќе избегне рецесија.

„Се зголемуваат шансите американската економија само малку да забави“, изјави минатата недела потпретседателот на ФЕД, Лаел Брејнард.

Поддршка на цените обезбедува и падот на вредноста на доларот во однос на кошницата со валути. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, падна за 1,4 отсто од почетокот на годината, на најниско ниво од јуни минатата година.

А тоа ја поддржува побарувачката бидејќи слабеењето на доларот ја зајакнува куповната моќ на оние кои купуваат нафта во други валути.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе