Цените на нафтата значително паѓаат

Цените на нафтата на светските пазари значително паднаа минатата недела бидејќи трговците се загрижени поради зголемените ризици од рецесија во голем број економии, што може да предизвика слабеење на побарувачката за „црното злато“. 

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 6,4 отсто, на 91,63 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 7,6 отсто, на 85,60 долари.

По скокот за повеќе од 10 отсто пред една недела, цените на нафтата драстично паднаа минатата недела, бидејќи трговците се загрижени за прогнозите за можна глобална рецесија што ќе значи послаба побарувачка за нафта.

ММФ предупреди на пад на светската економија

Минатата недела Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди во своите есенски прогнози дека една третина од светската економија веројатно ќе забележи пад оваа или следната година поради падот на реалниот доход и порастот на цените.

ММФ проценува дека светската економија годинава ќе порасне за 3,2 отсто, додека следната година растот би можел да забави до 2,7 отсто. Во САД, Кина и во еврозоната активноста речиси ќе стагнира, проценува ММФ.

Поради можна рецесија, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги намали прогнозите за раст на побарувачката на нафта оваа и следната година, по намалените проценки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

„Цените беа под притисок од значително намалените прогнози за побарувачката (на нафтата), првенствено во следната година“, велат аналитичарите на Commerzbank.

ОПЕК + го намалува производството

Пред околу 10 дена, ОПЕК и неговите сојузници го поттикнаа растот на цената на нафтата со тоа што одлучија да го намалат производството од ноември за два милиони барели дневно. ИЕА објаснува дека некои членки не успеале да ги исполнат своите квоти во изминатиот период, што значи дека ОПЕК + всушност ќе го намали производството за еден милион барели дневно.

Трговците ја следат и ситуацијата во Кина, која со строги мерки се обидува да го потисне новиот бран на инфекција со COVID-19. Бројот на заразени лица е мал според светските стандарди, но Кина спроведува политика на нулта толеранција за коронавирусот, што ги попречува економските активности, а со тоа и побарувачката за нафта.

И растот на САД, најголемата светска економија, исто така ќе забави. Бидејќи инфлацијата во САД се уште се движи околу највисоките нивоа во последните 40 години, па се проценува дека американската централна банка ФЕД ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 отсто на дводневната сесија на 1 и 2 ноември, за четврта сесија по ред.поени.

Откако минатата година цените на нафтата скокнаа за повеќе од 50 отсто, благодарение на закрепнувањето на економиите од корона кризата, од почетокот на оваа година тие пораснаа за речиси 20 отсто, што најмногу е последица на војната во Украина.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе