Четири знаци дека треба да јадете повеќе јаглехидрати

А.С.
/ 07.07.2022 / 13:46

Јаглехидратите се, заедно со мастите и протеините, еден од трите макронутриенти кои ја сочинуваат храната што ја јадеме. Ги има во различни количини во речиси сè – од тестенини и овесен леб до банани.

Кога сакаат да ослабат, многу луѓе го намалуваат внесот на јаглехидрати или целосно ги елиминираат. Но, тоа всушност може да му наштети на вашето здравје. Ограничувањето на внесот на преработена храна како бисквити и чипс е корисно.

„Но, нема добра причина да престанете да јадете јаглехидрати“, вели диететичарот Никола Лудлам-Рејн за Insider.

Диететските барања варираат од личност до личност, но сите упатства советуваат дека половина од вашата чинија треба да бидат овошје и зеленчук, кои се главно јаглехидрати.

„Јаглехидратите се примарен извор на гориво за нашите мускули и мозок. Диетите со малку јаглехидрати се популарни со години, дури и децении, но намалувањето на јаглехидратите може да ве чини“, предупреди нутриционистката Лили Саутер, откривајќи ги знаците дека не јадете доволно јаглехидрати.

Недостаток на енергија

Ако значително го намалите внесот на јаглехидрати, најверојатно ќе забележите намалување на нивото на енергија.

„Нашето тело може да користи други извори на гориво, како што се мастите, иако јаглехидратите обезбедуваат подобар извор на енергија и ни овозможуваат да функционираме оптимално, когнитивно и физички“, рече Лудлам-Рејн.

Мозочна магла

На мозокот му е потребна гликоза, која се разградува од јаглехидрати, за оптимално функционирање. Така, кога не консумирате доволно јаглехидрати, може да бидете нерасположени и да имате проблеми со концентрацијата.

„Јаглехидратите со протеини помагаат во производството на триптофан, кој потоа се претвора во серотонин, познат и како хормон на среќата“, рече Лудлам-Рејн и советуваше да се консумираат јаглехидрати главно од цели зрна, овошје и зеленчук, бидејќи тие обезбедуваат влакна и есенцијални хранливи материи потребни за поддршка на општото и менталното здравје.

Помалку енергија за тренинг

Телото ги складира јаглехидратите како гликоген во црниот дроб и мускулите. Гликогенот се користи за енергија и затоа е корисен за вежбање, било да е тоа трчање, возење велосипед или вежбање во теретана.

Соодветниот внес на јаглехидрати е особено важен за луѓето кои тренираат со висок интензитет, како што се интервален тренинг со висок интензитет (HIIT) или CrossFit.

Ако не јадете доволно јаглехидрати, вашите перформанси ќе стагнираат и би можеле да страдате од губење на мускулите и „грип од вежбање“, што е прилично гадно затоа што телото и главата ќе ве болат и само ќе сакате да се одмарате, тврди личниот тренер Мајк Молој.

Тешкотии во опоравувањето после тренинг

Освен што даваат поттик за вежбање, јаглехидратите помагаат и за закрепнување после вежбање.

„По вежбањето, нашето тело треба да ги надополни резервите на гликоген што се потрошени, па затоа се препорачува да се консумираат јаглехидрати заедно со протеините за да се поддржи закрепнувањето и да се осигурате дека се чувствувате подобро пред следниот тренинг“, вели Лудлам-Рејн.

Ако вашето тело не се опорави ефикасно, може да чувствувате болки во мускулите подолго по тренингот, да имате помалку енергија следниот пат кога ќе одите во теретана, како и да напредувате побавно.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе