На барање на фановите тимот на Screen Junkies направи искрен трејлер и за легендарниот филм на Еди Марфи, „Coming to America“.
Бидејќи на почетокот од овој месец излезе вториот дел на овој филм, после цели 33 години, фановите побараа од Screen Junkies да направат искрен трејлер и за оригиналот.
Во овој филм од 1988 година режијата е на Џон Лендис, а приказната е дело на Еди Марфи, кој е и во главната улога заедно со Арсенио Хол, Џејмс Ерл Џонс, Шери Хедли и Џон Ејмос.
Марфи го глуми ликот на Аким Џофер, принц на измислената африканска држава Замунда кој доаѓа во Америка во потрага по невеста.
Продолжението насловено како „Coming 2 America“ е исто така со Марфи во главната улога, но режијата е на Крег Бруер.