Дебакл на МЗТ против Партизан

Кошаркарите на МЗТ добија жешка шлаканица од белградски Партизан во рамките на второто коло, во регионалната АБА лига. По убедливиот пораз од Црвена ѕвезда, МЗТ претрпе дебакл против Партизан со резултат од 62-93 (16-29, 9-19, 21-22, 16-23).

МЗТ најави борба за горниот дел од табелата (пласман помеѓу шестото и осмото место) пред почетокот на АБА лигата, но по воведните две средби, јасно е дека Емил Рајковиќ и неговите избраници ги очекува жестока работа доколку сакаат да ги исполнат прогнозите.

По убедливиот пораз во петокот од Црвена ѕвезда, МЗТ како домаќин беше прегазен од Партизан 62-93.

МЗТ одигра катастрофално во одбраната, а во нападот владееше вистинска анархија, без јасна поставеност на нападите, сè се сведуваше на индивидуални акции. МЗТ катастрофално шутираше од поле, 36 отсто за два и само 13 отсто за три (4/30).

На спротивната страна екипата која од клупата ја предводи поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ, со јасна цел и план влезе во натпреварот, одбраната гранитна, а нападот го водеше одличниот Хачер.

Концепцијата на МЗТ, Партизан ја растури уште во првата четвртина кога со серија од четири тројки прв пат стекна двоцифрена предност (9-20). Од тој момент „црно белите“ константно ја зголемуваа предноста, плус 23 на полувреме (25-48), а во еден момент во последната четвртина разликата изнесуваше 38 поени.

Партизан погоди 11 тројки од 23 обиди, а за два поени реализираше 69 отсто од обидите.

Тејмс со 20 поени и Мејси со 15 поени и 12 скокови единствени заслужија преодна оценка кај МЗТ, додека Партизан го предводеше триото Хачер со 21, Бирчевиќ со 19 и Маринковиќ со 16 поени.

Наредниот меч МЗТ ќе го одигра во четврток, кога во Загреб ќе гостува кај Цедевита, а Партизан ден подоцна ќе ја пречека Цедевита. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе