Денес е Петок 13: Интересни факти и суеверија за „најнесреќниот“ ден

Од каде потекнува „светскиот страв“ од петок 13?

Историјата и митологијата велат дека тоа е изворно скандинавски мит,  за 12 богови кои вечерале без Локи, богот измамник меѓу нив. Тој пристигнал последен, како 13 непосакуван гостин на гозбата и го натерал Ходр – слепиот бог на храброста и на војната, да го застрела неранливиот Балдр – бог на смелоста и стаменоста, со смртоносно за него оружје, стрела од имела. Преданието вели дека тој починал во петок, на 13 и тогаш „земјата ја покрила темнина“.

Стравот своите корени најверојатно ги влече и од христијанството

Исус бил распнат во петок. Свадбите во средниот век, на пример, никогаш не се одржувале во петок, а исто така тој ден луѓето ретко оделе на подолги патувања.

На последната вечера со Исус биле присутни 13 гости, а токму Јуда, кој го предал Исус, бил тринаесеттиот гостин.

Ширум светот има и бројни други слични преданија, коишто можеби и не се толку познати.

Многумина ги знаат 13 и 666 како броеви коишто се лош знак или предвесник, според познати преданија и суеверни убедувања. Но, во некои делови на светот, има и „пострашни“ броеви од нив. А од друга страна пак, има и општоприфатени среќни бројки.

 

Во Шпанија, на пример вторник, 13 е многу поозлогласен од петок, 13. На тие денови, суеверните луѓе се плашат дури и да излезат да го фрлат отпадот. Целата приказна произлегува од Марс, римскиот бог на војната. Неговото име на шпански јазик значи – вторник. Легендите говорат и дека Константинопол првпат паднал под нападите во вторник, на 13 април 1204 година. Уште повеќе, се вели и дека познатата библиска приказна каде Бог внел забуна кај градителите на Вавилонската кула, е поврзана со вторник, 13.

Во многу светски култури, бројката 7 значи „совршенство“, но во Кина луѓето веруваат дека токму бројот осум носи среќа. Така, на пр., таму и луѓето што купуваат стан, настојуваат или претпочитаат тоа да биде на осми кат и, по можност, на влезната врата да има бројка осум.

Но, од друга страна, во Кина и други азиски земји, бројот четири, како што се верува – носи несреќа, оти на кинески јазик, „четири“ звучи слично како зборот за „смрт“.

Бројот 666 е ознаката на sверот, на Сатаната со седум глави со по 10 рога, како што е опишано во книгата „Откровение на Јован: Апокалипса“. Според христијаните, тоа е и бројот на Антихристот.

Во САД, пак, има суеверие за бројот 23. Се вели дека римскиот император Гај Јулиј Цезар бил прободен 23 пати со нож. Согледувајќи ја, пак, годината на раѓање (1967) и на смртта (1994) на славниот рок-пејач Курт Кобејн, и во двата случаја, збирот на цифрите е 23 (1+9+6+7=23, 1+9+9+4=23). Натаму, нападот на кулите-близначки во Њујорк, се случи на 11.09.2001 година – 9+11+2+0+0+1=23.

Има стотици други примери коишто посветените следбеници на овој „култ“ грижливо ги документирале. Предминатото десетлетие, Холивуд го сними и филмот „Бројот 23“ – хорор-крими-мистерија со Џим Кери во главната улога.  

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе