НБА 2021/22

Феноменалниот Јокиќ го запиша и 19-тиот трипл-дабл сезонава

Кошаркарите на Денвер Нагетс победија на гости кај Шарлот Хорнетс со 113:109 благодарение на извонредната партија на Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл.

Нагетси го решија натпреварот во третиот период кога поведоа со 9 поени предност, а до крајот успеаја да го задржат водството за 41. сезонска победа.

Никола Јокиќ постигна 26 поени со 19 скока и 11 асистенции за својот 19-ти трипл-дабл сезонава. Арон Гордон додаде 21 поен, а Вил Бартон 18 за Нагетс.

URL

Мајлс Бриџис постигна 27 поени со 11 скока, а ЛаМело Бол додаде 22 поена, 11 асистенции и 6 скока за Шарлот.

Remote video URL

Интересно беше и во пресметката меѓу Торонто Репторс и Бостон Селтикс во која домашните победија со 115:112, а блескаше Паскал Сјакам со 40 поени и 13 скока. Маркус Смарт, пак, постигна 28 поени за Селтикс.

Remote video URL

Без повредениот Јусуф Нуркиќ, Портланд Трејл Блејзерс претрпе пораз од Оклахома Сити Тандер на свој паркет со резултат 134:131.

Ајзеја Роби со 30 и Арон Вигинс со 28 поени ги предводеа гостите до триумф, додека кај домашниот тим најефикасни беа Бен МекЛемор со 28 и Дру Јубенкс со 27 поени.

Remote video URL

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Денвер Нагетс 109:113
Кливленд Кавалирс - Орландо Меџик 107:101
Индијана Пејсерс - Атланта Хокс 123:132
Мајами Хит - Сакраменто Кингс 123:100
Њујорк Никс - Чикаго Булс 109:104
Торонто Репторс - Бостон Селтикс 115:112
(прод.)
Хјустон Рокитс - Сан Антонио Спарс 120:123
Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс 123:95
Портланд Трејл Блејзерс - Оклахома Сити Тандер 131:134
(прод.)

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе