КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Голот на кој и ВАР заглави

ВАР беше имплементиран за да ги разреши сите дилеми, но ноќеска во Јужна Америка се случи ситуација во која дури ни ВАР не можеше да најде решение.

Се играше натпреварот помеѓу репрезентациите на Венецуела и Парагвај во рамките на 2. коло од квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар во зоната на Јужна Америка.

Во 65. минута по едно нафрлување во гостинскиот шестнаесетник Јанхел Ерера со глава ја заби топката во парагвајската мрежа за радост на домаќините. Главниот судија Андрес Рохас од Колумбија покажа на центарот, но потоа од ВАР собата му пратија сигнал да почека бидејќи регуларноста на голот е сомнителна.

URL

На тројцата ВАР судии им требаше премногу време за да одлучат, па на крај го повикаа Рохас сам да пресуди. Но, и Колумбиецот не можеше да донесе одлука бидејќи од ниту еден агол не можеше убаво да се види дали Ерера играл со рака веднаш откако ја удира топката со глава.

Цела вечност траеше консултирањето на Рохас со ВАР собата, вкупно 4 минути играта беше во прекин, а на крај одлучија дека голот треба да се поништи. Иако не се гледа убаво дали имало играње со рака или не, пресуди наглото менување на траекторијата на топката веднаш по ударот со глава. Според судиите, тоа докажува дека топката удрила во раката на Ерера и затоа го сменила првичниот правец.

Венецуела потоа прими гол, а во 5. минута од судиското надополнувањето за трагедијата да биде поголема истиот Јанхел Ерера промаши удар од белата точка со кој ќе израмнеше на 1:1.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе