ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Интер тргна по Карнесеки како замена за Онана

Доколку голманот Андре Онана летово си замине од „Меаца“, Интер ќе го донесе младинскиот репрезентативец на Италија, Марко Карнесеки, од редовите на Аталанта.

Манчестер Јунајтед  е силно заинтересиран за камерунскиот голман Андре Онана, кој сезонава бранеше во одлична форма за Интер. „Нераѕурите“ веќе одбија една понуда од Јунајтед, оти ја сметаат за премногу мала. Клубот од Манчестер понуди 40 милиони евра плус 5 милиони во бонуси, но Интер бара вкупна сума од 60 милиони, рачунајќи ги и бонусите.

За Камерунецот интерес покажува и Челси, но и Ал Наср, кој веќе оствари добри односи со Интер откако синоќа го претстави Марцело Брозовиќ.

Онана дојде во Милано минатото лето беспари од Ајакс и има договор до јуни 2027 година, што му дозволува на Интер да бара висока сума. Според Transfermarkt, моменталната вредност на Камерунецот е 35 милиони евра.

Бидејќи очигледно е дека Интер ќе има жешко лето за својот голман, „Нераѕурите“ веќе почнаа да бараат можна замена за него, а го пикираа младиот голман на Аталанта. Sportitalia тврди дека директорот Бепе Марота веќе двапати бил во контакт со клубот од Бергамо изминативе неколку дена дискутирајќи за трансферот на Марко Карнесеки.

URL

Станува збор за продукт на академијата на Аталанта, кој во саботата го прослави својот 23. роденден. Изминатава сезона беше прв голман, но на Кремонезе како позајмен, и настапи на 27 натпревари во Серија А, прими 47 голови и на 4 натпревари ја сочува мрежата незатресена. Беше прв голман и на младинската репрезентација на Италија на У21 ЕУРО кое моментално се одржува во Грузија и Романија. „Аѕурите“ испаднаа во групната фаза.

Лацио беше загреан да го купи минатото лето, но се откажа откако Карнесеки го оперираше рамото. Поради операцијата ги пропушти првите 9 кола од минатата сезона.

Карнесеки има договор со Аталанта до јуни 2026 година, а според Transfermarkt неговата вредност во моментов изнесува 13 милиони евра. Италијанските медиуми велат дека Интер за неговите услоги ќе требат да плати околу 20 милиони евра.

Карнесеки и претходните три сезони бранеше како позајмен, и тоа во Серија Би. Од трите сезони во Кремонезе, две ги бранеше во Би, а претходно во истата лига бранеше за Трапани. За Аталанта нема настап.

Во март беше повикан од Роберто Манчини во сениорската репрезентација, беше на клупата на квалификацискиот дуел со Малта, но сѐ уште го чека првиот настап.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе