iPhone ја „смачка“ Android конкуренцијата, има само еден ривал

Традиционално, во САД на Божик се активираат повеќе уреди одеднаш, и оваа година Apple доминираше на тоа поле.

Оваа година беше полна со изненадувања, а Apple приреди и едно божикно изненадување.

Иако iPhone „по навика“ е доминантен на американскиот пазар, оваа година дури девет од 10 активирани телефони на 25 декември биле со потписот на Apple.

iPhone 11, кој сега е стар веќе две генерации и чини 599 долари во САД во основната варијанта, го освои убедливото прво место, освојувајќи дури пет проценти повеќе активации во споредба со просечниот неделен број на активации во САД. Следува iPhone XR, а дури потоа iPhone 12 Pro Max, како прв претставник на новата генерација на iPhone. Флегшип моделот iPhone 12 го зазеде само четвртото место, веројатно затоа што чини 200 долари повеќе од моделот iPhone 11.

По нив следат iPhone 11 Pro Max, iPhone SE, iPhone 12 Pro, iPhone 8 Plus и iPhone 8. Очигледно, во богатата понуда на Apple се најде по нешто за секого, па иако сме навикнати iPhone да ја „руши“ конкуренцијата на овој ден, ова е првa олку убедлива победа.

На „ударот“ на iPhone одолеа, верувале или не, само еден Android телефон што го активираа дури 181 процент повеќе корисници во споредба со неделниот просек, а тоа е - LG K30! Овој модел беше претставен во текот на 2018 година и неговата цена во слободна продажба во САД во моментов е под 140 долари. Едноставно е неверојатно дека скоро две години стариот модел одеднаш стана толку популарен, но како што рековме на почетокот на текстот - оваа 2020 година е полна со изненадувања!

Тагови
реклама

Мобилни

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Read more

Првиот тројно свитлив телефон на Samsung е вистински ѕвер

Read more

Дали смартфоните стануваат уште поскапи?

Read more

Што најмногу ја троши батеријата на вашиот телефон?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Читај повеќе

Колку заработуваат вработените во Google?

Читај повеќе

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Читај повеќе

Повторно падна Cloudflare

Читај повеќе

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Читај повеќе

Што се гуглаше најмногу во 2025 година?

Читај повеќе

НАСА објави снимки од Марс и го потврди долгоочекуваниот феномен: Електрични искри во прашинските ѓаволи

Читај повеќе

Лажни порно страници шират малвер кој краде сè

Читај повеќе

Нов шок по астрономските цени: Micron се повлекува од пазарот на RAM и SSD дискови

Читај повеќе