Како воздушните турбуленции создаваат опасност на небото?

Патувањето со авион и турбуленциите речиси секогаш одат рака под рака, особено на долгите летови, предизвикувајќи непријатност за време на патувањето.

Летот на Singapore Airlines во кој еден патник загина поради турбуленции предизвика загриженост за тоа колку ризични може тие да бидат. Експертите тврдат дека турбуленциите на повеќето летови веројатно нема да резултираат со повреда на патниците и/или оштетување на авионот. Но, последниот случај со Singapore Airlines покажува дека повредите и/или штетите не се невозможни.

Разбирањето на причините за турбуленциите може да им помогне на авионскиот екипаж и на патниците да ги ублажат ефектите од истите.

„Смртните случаи поради турбуленции на комерцијалните летови се многу ретки, но за жал се случуваат“, истакна професорот по атмосферски науки, Пол Вилијамс, од Универзитетот „Рединг“ во Англија.

Што се турбуленции и што ги предизвикува?

Постојат 4 основни степени на турбуленција - слаба, умерена, тешка и екстремна турбуленција. Поради слаба и умерена турбуленција, патниците може да ја почувствуваат напнатоста на безбедносниот ремен додека неврзаните предмети може да се движат. Но, во сериозни случаи, турбуленциите може да доведат до поместување на самите патници, што може да резултира со повреди или дури и смрт.

„Турбуленциите можат да бидат предизвикани од бури, планини и силни воздушни струи наречени млазни струи. Во случајот на Singapore Airlines, тоа беше чиста воздушна турбуленција што е тешко да се избегне бидејќи не се појавува на временскиот радар во пилотската кабина“, рече Вилијамс.

Според Федералната управа за авијација на Соединетите Американски Држави (ФАА), чистата воздушна турбуленција е движење на воздухот предизвикано од атмосферски притисок, млазни потоци, воздухот околу планините, фронтовите студено или топло време, или грмотевици. Пилотите понекогаш однапред се предупредуваат за турбуленции.

Колку се опасни?

Според податоците на ФАА, од 2009 до 2021 година 30 патници и 116 членови на екипажот биле тешко повредени поради турбуленции. Иако овие бројки делуваат како многу, всушност очигледно е дека инцидентите се ретки ако се земе предвид дека секоја година во воздушниот сообраќај има 4 милијарди патници.

ФАА ги идентификуваше турбуленциите како водечка причина за повреди на стјуардесите и патниците во несреќите без смртни последици. Бидејќи авиокомпаниите не се обврзани да пријават полесни повреди, вкупниот број на повредени не е познат. Смртните случаи се исклучително ретки.

Марк Просер, истражувач за метеорологија од Универзитетот „Рединг“, потсети дека турбуленциите ги прават летовите непријатни и понекогаш може да бидат опасни.

„Авиокомпаниите ќе мора да почнат да размислуваат како да управуваат со турбуленциите бидејќи само американската авиоиндустрија тоа ја чини 150-500 милиони долари годишно. Секоја дополнителна минута летање низ турбуленции го зголемува абењето на авионот, како и ризикот од повреда на патници и стјуардеси“, истакна Просер.

Кога работите ќе се влошат

Истражувањето на Универзитетот „Рединг“ покажа дека тешките турбуленции се зголемиле за 55% во изминатите 40 години поради климатските промени. Во извештајот од јуни минатата година се наведува дека фреквенцијата на тешки турбуленции од 1979 до 2020 година на просечната точка над Северниот Атлантик, една од најпрометните патеки за летови во светот, се зголемила за 55%.

Вилијамс, кој е еден од авторите на гореспоменатото истражување, изјави за CNN во 2022 година дека верува дека тешките турбуленции би можеле да се удвојат или утројат во наредните децении. Тој ова го припиша на чистите воздушни турбуленции како еден вид турбуленции што се појавуваат ненадејно и многу тешко се избегнуваат.

Според американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот (НТСБ), авионскиот екипаж не бил предупреден во 28% од турбулентни несреќи што се случиле помеѓу 2009 и 2018 година. Анализата, исто така направена од Вилијамс, покажува дека чистите воздушни турбуленции значително ќе се зголемат ширум светот во следните неколку децении.

„Нормално е да се очекуваат 10 минути турбуленции на прекуокеански лет. Мислам дека за неколку децении тие би можеле да се зголемат на 20 минути или половина час. За жал, знакот за безбедносниот појас ќе биде вклучен многу подолго“, констатира Вилијамс.

Треба ли да се носи појас за време на целиот лет?

Појасот треба да се користи во текот на целиот лет. Имено, во извештајот на НТСБ од 2021 година, беше истакнато дека најголем дел од патниците кои се повредени поради турбуленции не носеле појас. Бидејќи понекогаш е невозможно да се предвиди кога авионот ќе наиде на чиста воздушна турбуленција, единствениот начин да се биде 100% безбеден е секогаш да се биде врзан со безбедносен појас.

Дали авионот се оштетува?

Според Националната метеоролошка служба на САД (NWS), во случаи на екстремни турбуленции, кога леталото е невозможно да се контролира, може да дојде до структурно оштетување на авионот. Неодамнешните случаи, вклучително и гореспоменатиот лет на Singapore Airlines, исто така резултираа со оштетување на кабината на авионот.

Дали некои траси се полоши од другите?

Турбуленции може да се појават насекаде и на која било надморска височина, но се знае дека некои области се поподложни на турбуленции. Авионот на Singapore Airlines на летот од Сингапур за Лондон наиде на сериозни турбуленции над Мјанмар откако го премина Андаманското Море.

Минатогодишната анализа на веб-страницата за предвидување турбуленции Turbli, која опфати 150.000 различни линии на летови, покажа дека патувањето помеѓу чилеанскиот главен град Сантјаго и меѓународниот аеродром „Виру Виру“ во Боливија е најопасно, додека летот од казахстански Алмати до киргистански Бишкек е на второ место според услови за ризик од турбуленции, пишува CNN.

реклама

Над 1.300 починати на аџилак во Саудиска Арабија

Read more

Ограда од надвозник падна во Автокоманда, откорнати се дрвја, поплавени улици, делови од Скопје останаа без струја

Read more

Терористички напади во Русија: Улични тепачки, нападнати цркви, убиени 15 полицајци

Read more

Доларот зајакна, еврото ослабе

Read more

Вести

Како да користите Google Maps кога немате интернет конекција?

Read more

Маск: Роботот Tesla Optimus може да биде учител, придружник и бебиситерка

Read more

Microsoft повторно е највредната компанија во светот

Read more

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Read more
 

Гик

Како да користите Google Maps кога немате интернет конекција?

Читај повеќе

Маск: Роботот Tesla Optimus може да биде учител, придружник и бебиситерка

Читај повеќе
  • filter

21 јуни 1816 – Рене Ленек го претставил првиот стетоскоп

Читај повеќе

Microsoft повторно е највредната компанија во светот

Читај повеќе
  • filter

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Читај повеќе

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Читај повеќе

Астрономите за прв пат посведочија будење на црна дупка

Читај повеќе

Apple најави голема промена за iOS 18

Читај повеќе

Google предупредува: Не паѓајте на оваа измама!

Читај повеќе