Познатиот НБА кошаркар Двајт Хауард на шега им се закани на Американците дека доколку не го стават во составот за Олимписките игри во Париз, ќе игра за Тајван и против САД ќе постигне 85 поени.

Американските медиуми пишуваат дека Леброн Џејмс по четвртото место на МундоБаскетот решил да биде лидер на Дрим тимот, а меѓу другите во тој тим треба да се најдат Стеф Кари, Кевин Дурант, Демиен Лилард, Девин Букер и многу други најдобри НБА играчи.
За овој тим сака да игра и поранешниот НБА центар Двајт Хауард, кој на шега им се закани на Американците дека доколку не го викнат ќе игра за Тајван и против САД ќе постигне 85 поени.
„Ми се допаѓа овој состав што го гледам, но не ме оставајте надвор. Ако го направите тоа, ќе играм за Тајван и ќе постигнам 85 поени против вас“, напиша Хауард (37), кој своевремено играше за репрезентацијата на САД и веќе некое време како е најголема ѕвезда во тајванската лига.
Хауард ја започна својата НБА кариера во 2004 година во Орландо Меџик, а за овој тим играше до 2012 година.
Беше трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс, за кои играше една сезона, а потоа играше за Хјустон Рокитс, Атланта Хокс, Шарлот Хорнетс, Вашингтон Визардс и уште два пати за ЛА Лејкерс и еднаш во Филаделфија 76ерс.