Хеликоптерот на НАСА леташе на Марс веќе 13 пати, а требаше само пет

Требаше да лета само пет пати, но малиот хеликоптер на НАСА на Марс, Ingenuity, веќе изврши 13 летови и сѐ уште не е за во пензија.

Со оглед на неочекуваниот успех, НАСА ја продолжи својата мисија „на неодредено време“.

Малиот хеликоптер е редовен придружник на Rover Perseverance, чија основна мисија е да бара траги од некогашен живот на Марс.

„Сѐ работи навистина добро“, вели Џош Равич, шеф на инженерскиот тим на Ingenuity. „Ни оди подобро отколку што очекувавме.“

URL

Исполнети цели

Сомнежите за способноста на хеликоптерот беа разбирливи. На Марс, густината на воздухот е стотинка од онаа на атмосферата на Земјата. За споредба, летот со хеликоптер на Црвената планета е еднаков на летот во воздух 30 километри над Земјата.

Воопшто не беше лесно да се стигне до Марс. Имено, Ingenuity мораше да го издржи првичниот шок при полетување од Земјата и потоа слетувањето на Perseverance на Марс по седуммесечно патување во вселената.

Хеликоптерт со тежина од само 1,8 килограми во новата средина мораше да ги преживее ледените ноќи на Марс, извлекувајќи топлина од соларните панели за да ги наполни батериите во текот на денот. Лета воден од серија сензори бидејќи поради петнаесетминутното доцнење на комуникациските сигнали од Земјата е невозможно да се контролира во реално време.

Ingenuity првпат полета на Марс на 19 април, првиот лет со екипаж во историјата што прелета над планета различна од Земјата.

Надминувајќи ги сите очекувања, тој беше во воздух уште 11 пати. „Може да издржи посилен ветер отколку што очекувавме“, рече Равич.

„Мислам дека ги постигнавме сите наши инженерски цели и ги добивме сите информации за кои се надевавме“, додаде тој.

URL

Извидник

Ingenuity летал на максимални 12 метри височина. Помина вкупно 2,7 километри досега, а неговиот последен лет траеше 2 минути и 49 секунди.

Сега го испраќаат на разузнавачки мисии за Perseverance, за да ја препознае маршрутата што ќе биде безбедна за роверот, но и да најде пат што ќе биде интересен, особено во геолошка смисла.

Откако помина половина година на Марс, малото летало слично на дрон има сѐ повеќе обожаватели на Земјата и успешно го продава својот лик на маици и чаши.

URL

И како се објаснува неговата долговечност?

„Временските услови ни одеа во прилог. Температури, ветер, студ, сонце, прашина во воздухот... сѐ можеше да биде многу полошо“, вели Равич.

Теоретски, хеликоптерот треба да биде оперативен уште некое време, но се приближува зимата на Марс и ќе има многу предизвици.

Инженерите на НАСА, кои сега имаат богатство од податоци за летовите на Ingenuity, веќе работат на следната генерација наследници.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Вести

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Read more

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Read more

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Read more

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе