ПРЕМИЕР ЛИГА 2022/2023

Холанд не го послуша Пеп и го налути

Менаџерот на „Граѓаните“ на крајот од натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Лидс Јунајтед (2:1) беше бесен на својот играч Ерлинг Холанд, бидејќи изведувањето на пеналот му го препушти на Илкај Ѓундоан и со оглед на тоа што Германецот промаши, ја доведе во прашање победа на неговиот тим и освојувањето три бода.

При водство од 2:0 Манчестер Сити доби удар од белата точка, а Холанд, кој е првиот изведувач на пенали во овој тим, му го препушти ударот на Ѓундоан, кој доколу погодеше можеше да прослави хет-трик со оглед на тоа што претходно ги постигна двата гола. Жузеп Гуардиола побара од Норвежанецот да го изведе пеналот, но тој му ја препушти топката на играчот од средниот ред и тоа многу го налути каталонскиот стратег.

Веќе во следниот напад, поточно веднаш по промашувањето, Лидс намали на 2:1, а камерата го покажа Гуардиола кој беше многу незадоволен од одлуката на Холанд.

URL

„Доколку Ѓундоан го дадеше, сѐ ќе беше во ред. Хет-трик, одлично, одиме понатаму... Но, изведувачот си е изведувач. На 2:0 тоа е задача, особено во англиската лига. Тоа не е ситуација каде можеш да заборавиш кој изведува пенал, тоа не е дозволено“, изјави Пеп и продолжи:

Remote video URL

„Во Англија натпревар не завршува на 2:0. Ако беше 4:0 и 10 минути до крајот, тогаш во ред... Сакав пеналот да го изведе играч кој нормално го прави тоа. Тоа значи Холанд или Махрез. Меѓутоа и оваа ситуација покажува каква личност е Ерлинг. Тој сакаше да го израдува својот соиграч, покажа дека неговите соиграчи му се многу важни. Го почитувам тој потег на Холанд, но сепак тој требаше да го изведе пеналот бидејќи тој е специјалист за тоа“.

Remote video URL

За среќа на Манчестер Сити, на крајот „Граѓаните“ сепак успеаја да ја одбранат предноста и да победат и со тоа да освојат три бода, па сега се први на табелата со 82 освоени бода, четири повеќе од второпласираниот Арсенал.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе