Клоп откри кој е најдобриот играч кој го има тренирано

За германскиот стратег, денес на чело на Ливерпул, нема дилеми: ниту Салах, ниту било кој друг, туку полскиот голгетер Роберт Левандовски е најдобриот кој некогаш го тренирал.

На прашање на германски Bild кој е најдобриот играч кој некогаш го има тренирано, Клоп не се мислеше долго пред да го даде одговорот.

„Роберт Левандовски. Всушност, не би било воопшто фер да го кажам тоа за било кој друг играч освен Леви“, искрено вели Клоп.

„Што сѐ има извадено од неговиот потенцијал, како се форсираше за да стане играчот кој е денес, тоа е нешто неверојатно“, додава.

Според Клоп, извонредната способност на Полјакот во шестнаесетникот не е само она што го прави неверојатен играч, туку и неговата работна етика и решителност.

„Леви го направи секој потребен чекор за да стане ваква гол-машина. Буквално секој. Тој толку потона во играта, што во секоја ситуација знае што точно треба да направи, на која страна да тргне. Леви е апсолутна машина за голови“.

Клоп е всушност тренерот кој го донесе Роберт во Бундеслигата. Летото 2010 кога беше на чело на Борусија од Дортмунд, Јирген од познањски Лех го донесе тогаш 21-годишниот напаѓач Роберт Левандовски. Во Дортмунд беа заедно 4 години пред Леви да се пресели во Баерн, а наредната година и Клоп си замина, во Ливерпул.

Иако одамна ја заслужуваше, Леви дури лани за прв пат ја освои Златната топка за најдобар играч на годината.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе