Корејски специјалитет: Месо потпечено со павлака и јајца

Ова не е типично азиско јадење, напротив, многу личи на европско.

Месото може да се подготви на милион начини, особено кога сами бирате дали сакате свинско, говедско, пилешко, мисиркино, зајачко... а секогаш е добар предлог за ручек. Овој пат рецепт земаме од далечната Јужна Кореја (а кој би знаел, можеби се прави и во Северна Кореја), според кој можете да употребите месо по ваша желба, кое се прелива со јајца и павлака, па се пече.

Не само што е вкусно, туку и брзо се подготвува.

Потребни состојки:

  • 500-600 гр месо (по желба)
  • 2 јајца
  • 150 мл павлака за готвење
  • 1 лажичка италијански зачин
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка кари
  • 1 домат
  • 1 нишка магдонос
  • масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Месото исечкајте го на коцки, посолете и побиберете го. Убаво измешајте и наредете го во огноотпорен сад или некоја тепсија. Во сад изматете ги јајцата, па сипете ја павлаката за готвење, зачинете со италијански зачин, оригано и кари, измешајте убаво, па смесата прелијте ја преку месото. Сипете и малку масло над сето тоа, па наредете домат исечкан на кругови. Печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути. Откако ќе биде готово и ќе го извадите, јадењете посипете го со сечкан магдонос.

Remote video URL
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Пита со компири и пилешко

Read more

Идеја за посен ручек: Подварок со суви сливи

Read more

Печен карфиол со слатко-лут прелив

Read more

Рецепт за посна сарма со ореви

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе