Крос се повлече од репрезентацијата на Германија

На 31 година играчот од средниот ред изненадувачки одлучи да стави крај на репрезентативната кариера и тоа една година пред Мундијалот.

Тони Крос нема да повеќе да ги брани националните бои на Германија. Откако „ди Маншафт“ се соочи со елиминација од Европското првенство, а Крос го запиша настапот број 106, одлучи дека му е доста од репрезентацијата.

„Играв за Германија 106 пати. Нема да има друг натпревар. Очајно посакував и дадов сѐ од себе за на крајот да беа 109 натпревари и да завршевме со европската титула“, пишува Крос во соопштението кое сам го објави.

„Одлуката да се повлечам по првенството ја имав одамна донесено. Долго време ми беше јасно дека нема да бидам на располагање за Мундијалот 2022 во Катар“.

„Тоа е пред сѐ затоа што сакам целосно да му се посветам на Реал Мадрид во наредните години. Воедно, отсега ќе имам паузи кои не постоеја кога бев репрезентавец цели 11 години. Згора на тоа, како сопруг и татко, сакам да минувам време со мојата сопруга и деца“.

Крос дебитираше за Германија во 2010 година. Настапи на три Мундијали почнувајќи со бронза во 2010, потоа стана светски шампион во 2014, а последно во 2018 испадна уште во групите. На Европските првенства настапи исто така трипати, но без трофеј откако двапати доживуваше елиминација во полуфиналето во 2012 и 2016.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе