КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Лев: Многу сме разочарани

Селекторот на Германија е потиштен по синоќешниот крајно изненадувачки пораз од Македонија на домашен терен со 1:2.

Јоахим Лев е на клупата на германската репрезентација од летото 2006 година кога го наследи Јирген Клисман кому претходно две години му беше помошник. Не дека не губел, под негово водство Германија има запишано вкупно 32 пораза, но оној синоќа е најлошиот за Лев, полош и од оние 6:0 од Шпанија есеноска бидејќи пораз дома од една мала репрезентација како Македонија не може да се изедначи со пораз од велесила како Шпанија.

Воедно, ова е само трет пораз на Германија во мундијалски квалификации воопшто. Во оние за Мундијалот 1986 загубија од Португалија, потоа за Мундијалот 2002 загубија од Англија дома со 1:5 и тек синоќа дојде третиот, 1:2 од Македонија.

„Многу сме разочарани после овој пораз. Ова беше чекор назад. Не ја пронајдовме нашата игра, немавме брзина во играта, ниту пак навремени додавања, а често грешевме. Едноставно не пронајдовме против игра за длабоко поставените Македонци. Одевме и во контри, но без никаков успех“, вели Лев во интервју во ДФБ.

Тврди дека неговите играчи чувствувале замор бидејќи им беше трет натпревар, но заборава дека истиот проблем го имаа и нашите фудбалери, а не го зема предвид ниту фактот што македонските играчи се далеку кондициски понеподготвени од германските.

„Ни недостасуваше динамичност и живост. Имав чувство како играчите да се борат со замор. Проблемот беше што индивидуално играчите премногу ја гњавеа топката. Сето тоа одеше пребавно“, смета тој.

„Сите видоа дека тимот навистина некои работи одлично ги направи против Исланд и Романија. Сега беше поинаку, овој пат не успеавме. Мораме да го прифатиме тоа и да ги извлечеме правилните заклучоци“, додава.

Неизбежно е да го прокоментира и неверојатното промашување на Тимо Вернер кога во вториот дел на 1:1 беше сам пред нашиот гол и наместо да ја затресе мрежата во манир на расен стрелец, се сплетка и ја прокоцна шансата.

„На 1:1 Тимо Вернер имаше огромна шанса. Веројатно тој сега многу се обвинува себеси. Тоа беше клучниот момент, што ја промашивме таа шанса“.

По овој неочекуван пораз германската јавност веќе почна да зборува за враќање во репрезентацијата на искусните Томас Милер и Матс Хумелс кои самиот Лев ги избриша од репрезентацијата во март 2019 заедно со Жером Боатенг.

„Тоа нешто не може да се направи само поради еден натпревар. Сепак, ќе одлучам во мај. Одиме на пауза со горчлив пораз. Морам да размислам што е тоа што можеме да го направиме подобро. Не смееме да загубиме верба и мораме да се посветиме на нашите силни страни. Можеме да одиграме добро ЕУРО, но мораме таму да отидеме со конзистентност. Наредните денови и недели интензивно ќе правиме анализи, сѐ ќе провериме повторно и повторно“, заврши Лев.

Сега следува пауза од интернационален фудбал, а репрезентациите ќе се активираaт на крајот од мај кога ќе почнат подготовките за претстојното ЕУРО. Германијa на 2 и 7 јуни ќе одигра пријателски натпревари со Данска и Латвија, период коgа Лев ќе треба да одлучи за дефинитивно кои промени ќе ги направи, бидеј'и тука е и притисокот од германската јавнoст.

На ЕУРО, Германија е во силна група со Франција, Португалија и Унгарија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more
 

Спорт

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе