СЕРИЈА А 2022/2023

Милан со победа од Салерно ја почна 2023 година

Филип Здравески
/ 04.01.2023 / 14:32

Актуелниот италијански шампион денеска го отвори првото коло во Серија А по паузата, совладувајќи ја Салернитана со 2:1 на гостувањето во Салерно.

Конечно продолжи и Калчото откако поради мундијалската пауза фудбалот на Чизмата мируваше од 13 ноември.

Бранителот на Скудетото имаше одличен почеток на натпреварот и по само 15 минути игра веќе дојде до убедливо водство од 0:2. Прво Рафаел Леау во 10. минута го отвори резултатот, а пет минути подоцна Сандро Тонали го дуплираше водството на асистенција на Брахим Диас.

Во вториот дел Оливје Жиру ја затресе домашната мрежа во 58. минута, но голот беше оправдано поништен поради офсајд. Потоа на 7 минути до крајот Федерико Бонацоли ја врати неизвесноста и надежта кај домашните постигнувајќи гол за 1:2. Сепак, домашните и покрај огромната поддршка од преполниот „Ареки“ немаа сили да постигнат уште еден гол и да го изненадат великанот.

За Салернитана на овој натпревар дебитираше најновото засилување, мексиканскиот голман Гиљермо Очоа.

Со оваа победа Милан дефинитивно останува на 2. место и по ова коло, со 5 бодови заостанување зад лидерот Наполи кој вечерва има тешко гостување во Милано кај Интер.

Во раниот термин од 12:30 часот се одигра и борбата за опстанок помеѓу Сасуоло и Сампдорија. Гостите од Џенова поведоа со 0:2 на „Мапеи“ стадионот со головите на Маноло Габјадини во 25-тата и на Томазо Ауџело три минути подоцна. Домашните во игра ги врати Доменико Берарди со гол од пенал во 64. минута, но „Неровердите“ не успеаја да дојдат и до втор гол за да се спасат од домашен пораз.

Денеска ќе се одигра комплетното 16. коло:

14:30
Специја - Аталанта
Торино - Верона

16:30
Рома - Болоња
Лече - Лацио

18:30
Кремонезе - Јувентус
Фиорентина - Монца

20:45
Интер - Наполи
Удинезе - Емполи

Наредното 17. коло се игра на 7, 8 и 9 јануари.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Фудбал

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more
 

Спорт

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе