Мирјана Јосифоска претстави колекција модерни шапки инспирирани од народните носии

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 28.12.2022 / 09:43

„Моден викенд Скопје“ ја презентираше најновата колекција на Мирјана Јосифоска.

Синоќа беше свечено презентирана најновата колекција „Циклус/Cycle“ од модната дизајнерка Мирјана Јосифоска во просториите на „Јавна соба“.

Мирјана Јосифовска е млада модна дизајнерка со повеќегодишно искуство во изложби на своите креации. Позната е по своите рачно изработени шапки коишто ги изработува со занаетчиски техники на видно уникатен начин. Материјалите што ги користи се исклучиво одржливи, етички, од природно потекло, рециклирани и произведени во Македонија.

Поголемиот дел од шапките се создадени од 100% волна или материјали од природно потекло како свила, лен, памук и вискоза. При креација на модните додатоци материјалите ги користи максимално, а останатиот отпад се рециклира и употребува за врквите со коишто се пакуваат шапките. Како дизајнерка која одлучно се обидува да ја покаже важноста на работата со одржливи и еколошки дизајни, овој пристап на работа дополнително ја поткрепува нејзината дизајнерска филозофија и циркуларноста кај текстилот.

Своите почетоци ги има изградено со креирање неколку шапки за нејзината прва колекција „Спомен на еден град“. Како што изминувале годините, така растел интересот и вложеноста кај секоја следна колекција. Сепак, она што нам ни е фасцинантно е нејзината неисцрпна мотивација. Па како што и самата имаше речено: Инспирацијата секогаш ја црпам од работи кои се лично блиски до мене, како настани, личности или историски теми, така оваа четврта нејзина колекција „Циклус/Cycle“ ги следеше стапките на македонскиот народен фолклор.

Македонската историја со себе носи големо богатство, а пропознатливата македонска народна носија е само одлика на она што минатото има да го раскажува. Токму затоа, оваа колекција е сплет од народното творештво претставено низ модернистичка призма.

На изложбата можевме да видиме 10 модела, 7 шапки и 5 модни додатоци за коса во бела, зелена, црвена, сина и црна боја. Ова се боите што можат да се најдат на македонската народна носија, а тие вечерта ги обоија и просториите на „Јавна соба“ и го раскажаа своето значење. Па така, видовме два модела во бела боја – невиност и почеток, два во зелена боја – среќа и плодност, два модела во црвена боја – љубов, војна и крв, два модела во сина боја – лојалност, меланхолија и тага, и два модела во црна боја – смрт и крај. По овој редослед е претставен и еден циклус – циклус на животот. А оттаму и името што го носи оваа колекција „Циклус/Cycle“.

Вистински полн погодок на ревијата беше и најновиот модел на шапка и додаток за коса „Дениција“. Истоименото дело на Петре М. Андреевски беше и основниот мотив и мотивација за ова парче. Она што придонесе на целиот амбиент беше и Марија Кондовска и нејзиното поетско читање на 5 песни од стихозбирката на Петре М. Андреевски за време на ревијата. Музика S.A.M.

Нешто подоцна, за време на изложбата, имаа можност да ги пробаат модните парчиња и да уживаат во добра дружба и по некој коктел. Овие настани нѐ потсетуваат и воедно ни укажуваат за важноста на историјата, модата, еколошката свест и напорната работа.

За шминката на манекенките се погрижи Школата за Убавина Арт, додека за прекрасната фризура се заслужни студентите на средното училиште „Димитар Влахов“. Моделите се дел од модната агенција „Подиум“, а како дел од нивниот изглед беа и биоразградливите хулахопки Four Twenty Two.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

За фото продукцијата беше задолжена Меланија Николовска.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Стил

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Read more

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе