На повидок решение: Ѕидовите повеќе нема да бидат пречки за Wi-Fi

Брзиот безжичен интернет денес стана нешто без кое тешко можеме да ги замислиме своите животи. Повеќето од нас во своите домови имаат интернет врска со неограничена потрошувачка и Wi-Fi сигнал од рутер кој ги поврзува сите можни уреди - лаптопи, таблети, мобилни, телевизори...

Меѓутоа, Wi-Fi сигналот има свое техничко ограничување со тоа што слабо поминува низ ѕидови. Овој проблем досега го решававме со мал или голем успех преку уреди за засилување на сигналот, т.н. екстендери.

Во списанието Nature неодамна беше објавен научен труд со наслов „Anti-reflection structure for perfect transmission through complex media“. Под овој комплициран наслов се крие токму едноставно решение за проблемот со достапноста на квалитетен Wi-Fi сигнал во секое ќоше од вашиот дом.

Истражувањето кое заедно го спровеле научници од Технолошкиот факултет во Виена и Факултетот во Рен дава надеж дека наскоро Wi-Fi сигналот без ограничување ќе поминува и низ дебели ѕидови.

Кога Wi-Fi брановите поминуваат низ некоја сложена пречка како арматурниот бетонски ѕид, тие се рефлектираат, распрснуваат, скратуваат и апсорбираат. Идејата на австриско-францускиот тим е да се поставуваат посебни структури, односно премачкувања, на ѕидовите со цел да се спречи рефлексијата на брановите.

„Тоа можете да ги замислите како антирефлексна облога на очила. Кога ќе ставите дополнителен слој на стаклото, рефлексијата се намалува и светлосните бранови подобро допираат до окото“, вели еден од авторите на студијата, Штефан Ротер од Технолошкиот факултет во Виена.

Секако, масивните пречки како ѕидовите се далеку посложени од очила. Тие претставуваат своевиден лавиринт низ кој патуваат брановите, па клучно е да се утврди по кој пат тие поминуваат.

„Прво мора едноставно да се пратат одредени бранови низ пречката и точно да се измери како тие бранови се рефлектираат од материјалот“, вели коавторот Михаел Хородињски.

Со овие информации може да се израчуна како би требало да изгледа компензацискиот слој за било кој ѕид кој би ја „поништил“ рефлексијата и би овозможил брановите непроменети да минат низ ѕидот.

„Клучот за тоа е математички метод кој може да се користи за пресметување на точниот облик на овој антирефлексен слој“, додава Хородињски.

Научниците и претходно знаеја дека ваквиот метод е теоретски можен, но сега за прв пат смислија конкретна постапка за пресметување и воедно успешно го тестираа во експерименти.

Праќајќи микробранови низ сложен и неуреден лавиринт од препреки, ја пресметале антирефлексната структура; кога во екпериментот таа била поставена пред препреката, рефлексијата речиси потполно исчезнала. Можностите за примена на ова откритие се навистина широки.

Авторите на студијата откриле дека може да се одреди алгоритам за пресметување на потребното компензациско распрснување, што отвора можности не само за Wi-Fi, туку и за подобрување на работењето на други уреди како микроскопи и камери.

Уште една област во која може да се покаже корисно е наредната генерација на мобилна комуникација 6G - потребната силина за емитување на мобилните комуникациски сигнали би можела значително да се намали кога од емитерот до приемникот би можело да има успешен пренос без распрснување и рефлексија.

Сепак, додека го чекаме воведувањето на 6G мрежата, ќе бидеме задоволни и доколку ѕидовите престанат да бидат пречка за обичниот Wi-Fi сигнал во нашите домови.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Интернет

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе