На Прилеп му треба нова театарска зграда!

На Прилеп му треба театарска зграда! Да не дозволиме материјалното да му го заземе местото на духовното, да не дозволиме излишните луѓе да ги истиснат и да им го заземат местото на оние што му требаат на секое општество – громогласен аплауз заслужи пораката на режисерката Зоја Бузалковска синоќа на врачувањето на наградите на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Бузалковска ја прими наградата за најдобра режија на претставата „Иванов“ на Македонскиот народен театар. Оваа претстава доби 7 награди на фестивалот.

„Ваков тип на претстава како „Иванов“ не е возможно да го направите ако немате колектив во вистинската смисла на зборот – актерите, цел сценографски тим, која работеше на тоа да биде возможно во овие не баш поволни услови за играње големи претстави, какви што во моментов ги имаме во Прилеп. Во тие услови успеавме да направиме магија, за жал некои луѓе не видоа делови од претставата и многу им благодарам што останаа до крај. За крај, ќе се заблагодарам на жирито, на целиот прекрасен тим“, рече Бузалковска.

„Да се создава фестивал значи да се раѓа една креативна идеја, концепт, смисла, приказна и таа да може да се чита на сите можни начини. Да се создава театарски фестивал значи да се практицира менаџирање на петстотини и повеќе човечки приказни секоја со својата потреба“, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

„Да се создава театарски фестивал во Македонија, а посебно во Прилеп, значи да се бориш со сите ветерници, а истовремено ветрот во грб да ти го дуваат сите помошници од првиот до последниот. Една огромна работилница од 7 месеци, четири работилници тука, една изложба, 11 претстави во официјална конкуренција, пет во придружна, секојдневно учество на Скомрахите, Театроск, Разговори на тркалезна маса, промоции на книги, презентации, ден на Горан Стефановски, филм, музика и дружења. Вие драга публико, сте мојата лична победа, затоа вам јас ви се поклонувам!“, рече Стојаноска.

Таа на сцената ги покани тимот на фестивалот, вредните волонтери, сите што на некаков начин помогнале за реализирањето на претставата.

Наградата за претстава за уметничко остварување ја доби Театарот „Антон Панов“ од Струмица за „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. За струмичкиот театар оваа награда доаѓа на 75-годишнината од основањето.

„Струмичкиот театар по 45 години од историјата на овој фестивал, ја добива наградата за најдобра претстава, токму оваа година прославува 75 години постоење. Постарите прилепчани ги знаат добрите времиња на струмичкиот театар, кога освојуваше награди. Се надевам дека ова ќе ни биде поттик за следната година, имаме тим, актери, техники, голема благодарност до режисерот Љупчо Ѓоргиевски во името на целиот ансамбл“, рече Драган Маџиров, раководител на театарот.

За улогата на Силјан во истата претстава, актерот Васил Михаил ја освои наградата за најдобра машка улога.

„Посебно ми е драго што оваа награда ми се случи според текст на Горан Стефановски, во пиесата базирана на митот за Силјан Штркот, запишан од Марко Цепенков, уште еден прилепчанец. Горан праќа уште подлабока порака а тоа е дека овде во овој живот треба да го побараме она што постојано мислиме дека недостасува. Таа друга страна на животот – љубовта. Ви благодарам“, рече Михаил.

„Мојата прва професионална претстава беше токму на Прилеп, а ова е моја трета награда токму на „Чернодрински“, моето потекло и корени се од Прилеп. Ви благодарам публико, секогаш е задоволство да се игра пред вас“, видно возбудена истакна актерката Дарја Ризова, примајќи ја наградата за најдобра женска улога за претставата „Иванов“.

„Голема благодарност до моите прекрасни колеги од претставата, кои со голем труд влегоа во овој процес и без нив немаше да бидам тука. Благодарам на мојот другар и колега Благој, фала ти што секогаш си тука покрај мене и во најтешките моменти од животот. Оваа награда ја посветувам на нашето долгогодишно другарство – тоа е најважно“, рече Ризова.

Нејзиниот колега Ѓорѓи Јолевски ја освои наградата за најдобра споредна улога. Тој истакна дека редовно учествува на речиси секој фестивал.

„Оваа награда ми значи затоа што е награда за тимот што беше на сцената, водена од главниот актер Благој Веселинов, кој беше диригент на таа оркестрација. Благодарниост до целиот тим во МНТ, како мравки работевме на таа претстава и бевме наградени многу од вас, драга прилепска публико“, рече Јолевски.

Актерката Анкица Бенинова ја прими наградата за женска епизодна улога.

„За вас постоиме и ќе постоиме и театарот дури и да се распаѓа, ние живееме“, рече Бенинова.

Наградата за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Григор Јовановски за улогата на Љвов во „Иванов“. Тој се потсети дека неговиот прв настап на театарска сцена бил токму во Прилеп на сцена со Благоја Спиркоски-Џумерко.

„Оваа награда е благодарение на сите луѓе што се дел од процесот. Благодарам на организацијата на фестивалот, за сè она што го правте за ние да бидеме овде, особено на професорката Ана Стојаноска. Да сте живи и здрави! Прилепската публика е најдобрата што човек може да ја посака“, порача Јовановски.

Навистина сум многу возбудена и иако добивам награда за млад актер, сметам дека оваа улога мене сосема ме промени, навистина станав позрела. Се надевам дека нема да биде последна, сакам да се заблагодарам на жирито и на организаторите, рече Јована Миладинова од претставата „Едвард Втори“, наградена за најдобра млада актерка.

„Чест ми е што играв во овој Дом на култура. Навистина сум многу возбудена и иако добивам награда за млад актер, сметам дека оваа улога мене сосема ме промени, навистина станав позрела. Се надевам дека нема да биде последна, сакам да се заблагодарам на жирито, на организаторите“, рече Миладинова.

Иван Јерчиќ, директор на Народниот театар од Битола ја прими наградата за колективно остварување. Наградата за најдобра музика за Ристо Вртев ја прими Томе Темелкоски, кој беше дел од музичкиот состав што ја изведуваше музиката во претставата „На дното“ на прилепскиот театар.

„Го затвораме 58. Македонски театарски фестивал 'Војдан Чернодрински' – Прилеп. Ги собираме впечатоците, го собираме уморот, се обидуваме да го одржиме пламенот на креацијата и страста во создавањето нови промени. Обично на вакви вечери, главниот и одговорен за тоа прави рецензија, самоевалуација и се обидува во свечен тон да ја заокружи целата недела што изминала. Јас ветувам дека ќе бидам поинаква. И тоа е дел од промената!“, рече Ана Стојаноска.

Во чест на наградените синоќа настапи дуото Добрила и Дориан со нивната прекрасна музика.

Покровители на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ беа: Министерството за култура и Општина Прилеп. Спонзори на фестивалот се: Пакомак, Витаминка, Прилепска пиварница. Пријатели на фестивалот се: Центарот за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп, Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, Театар за сите, Самоглас, Умно.мк, Јавен простор – Прилеп, Гледај.мк, Театроск, Факултет за драмски уметности, Донирај компјутер, Урбан ера. Пријатели на фестивалот се: Бит крафт, Карé и Смарт Ливинг, Македонија осигурување, Крин производство Прилеп, Аура, Клуб Калинка, Кафе-бар Тротоар, Кафе бар Чоше, Кафе бар Лувр, Брос бургерс, Монарка гастробар, пекара Алекс, Национален ресторан „Македонска куќа“, Центарот за современа ликовна уметност - Прилеп, Такси 5, Лусио Стор, Уан бајт и хотелите Кристал Палас, Атлас и Салида. Медиумски покровители се Македонската радио-телевизија и Трн.мк.

реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Култура

Објавен потесниот круг за регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“

Read more

Почесна „Златна рамка“ за Тони Михајловски, Владимир Анастасов и Марина Колоска

Read more

Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Read more

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Read more
 

Вести

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

Читај повеќе

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Читај повеќе

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Читај повеќе

Тешко повредена скопјанка при судир меѓу мотоцикл и електричен тротинет

Читај повеќе

Повторно ќе биде сослушан осомничениот за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Општина Карпош поставува „репелент“ за спречување на појава на змии

Читај повеќе

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Читај повеќе

Објавен потесниот круг за регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“

Читај повеќе

Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Читај повеќе