УЕФА ЕУРО 2020

На сред интервју доби порака од селекторот дека не патува на ЕУРО

Холадскиот селектор Франк де Бур има необичен начин на известување на играчите кои беа на поширокиот список, но потоа отпаднаа и нема да патуваат на Европското првенство.

Де Бур веќе го објави конечниот список под 26 фудбалери, а сега се појави необично видео од моментот кога еден играч дознава дека за него нема место.

Се работи за офанзивецот на Астон Вила, 26-годишниот Анвар Ел Хази, кој сезонава постигна 10 голови во Премиер лигата и многумина очекуваа да е сигурен патник.

„Ова е списокот на 26 фудбалери на кои сметам за Европското првенство. Што би било доколку би имал можност да повикам 27 играчи? Мислам дека Ел Хази би бил на списокот“, изјави Де Бур на прес-конференцијата кога го објавуваше списокот.

Начинот на кој несреќниот Ел Хази дозна дека е вишок во репрезентацијата е крајно необичен и несериозен за еден селектор. Ел Хази правеше интервју со еден холандски новинар кога доби порака на телефонот и тоа од селекторот, а таа гласеше:

„Во овој момент не можам да те понесам на ЕУРО“, стои во СМС пораката на Де Бур до Ел Хази.

„Тоа е пораката која штотуку ја примив. Остатокот ќе го задржам за себе“, вели Ел Хази кој не сакаше да сподели сѐ што му напишал селекторот.

URL

Ел Хази е Мароканец, но е роден во Холандија и ги има поминато сите младински репрезентации.

Тео Јансен, поранешен холандски репрезентативец, е разочаран од начинот на кој Де Бур му јави на играчот на Астон Вила дека нема да оди на ЕУРО.

„Бизарно... Јави му се на човекот бидејќи ова е важно за него. Живее за тој настан и се надева дека ќе игра на првенството, а потоа добива најобична порака. Таков разговор не трае долго, сѐ што Де Бур требаше да направи е телефонски да му објасни што се случило и да му овозможи шанса да му одговори на прашањата кои би ги имал“, вели Јансен.

Холандија пред првенството ќе одигра пријателски натпревари против Шкотска на 2 јуни и против Грузија четири дена подоцна. На континенталниот собир е во нашата Ц група заедно со Украина и Австрија, а последниот натпреавр на 17 јуни го игра со Македонија во Амстердам.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе