Најчести заблуди за појавата и лекувањето на акни на грбот

Како и со повеќето проблеми за нега на кожата, има многу заблуди за акните на грбот.

Една од најчестите причини за појава на акни, особено на грбот, е прекумерното производство на себум или масло. Акумулацијата на мртви клетки на кожата е втора честа причина за појава на акни на грбот.

Покрај генетиката, црвените, воспалени пори често може да се класифицираат како „механички акни“, кои потекнуваат од надворешни фактори како што е носењето тесна, компресивна облека што предизвикува затнати пори.

Дерматолозите често забележуваат дека кај пациенти кои носат потесен спортски градник или потесна облека и спортска облека, доаѓа до притискање на кожата на грбот и тоа ја олеснува појавата на акни токму таму.

Стресот и исхраната исто така се фактори кои придонесуваат за појава на акни на грбот.

Како акните на грбот се разликуваат од акните на лицето?

Кога ќе го слушнеме зборот акни, претпоставуваме дека сите се исти, без разлика каде се појавуваат на телото. Иако дерматолозите се согласуваат дека третманите може да бидат слични, акните на грбот се потешки за лекување поради дебелината на кожата и фактот дека е потешко да се допре до оваа област.

Кожата на грбот е густа, а мозолчињата на грбот се често длабоки и тврдоглави, така што локалните третмани потешко се апсорбираат и затоа е потребно подолго време за да стигнат до подлабоките слоеви на кожата, што може да бара подолг третман.

Типот на акни што се појавува во одредена област исто така може да варира, што може да влијае на начинот на кој се пристапува кон лекувањето. Обично постојат два различни типа на акни: комедони и пустули. Комедоните се митесери и бели точки со кои веројатно најдобро сте запознаени и најчесто се појавуваат на лицето. Од друга страна, пустулите се воспален тип на акни кои најчесто се појавуваат на грбот.

Овие разлики, исто така, може да играат улога во пристапот кон третманот. Има повеќе опции за лекување на акни на лицето бидејќи на него се појавуваат повеќе видови.

Најчести заблуди за акните на грбот

Како и со повеќето проблеми за нега на кожата, постојат многу заблуди за акните на грбот. Еве некои од нив:

Специфичната храна предизвикува појава на акни

Исхраната игра улога во појавата на акните, но тоа не е секогаш специфична храна. Не е лесно да се идентификува причината, така што не можете да кажете дека е поради пица или чоколадо, на пример. Она на што всушност се сведува е гликемискиот индекс, скала што се користи за да се утврди колку одредена храна го зголемува нивото на шеќер во крвта.

Ако се работи за храна со висок гликемиски индекс, вашето тело не мора ништо да прави. Може само да го „извади“ шеќерот од вашиот стомак и директно да го претвори во енергија. Ако се работи за храна со низок гликемиски индекс, тоа значи дека вашето тело мора многу да преработува во цревата за храната да биде корисна за вашето тело. Високиот гликемиски индекс навистина не е добар за акните, а најлесен начин да запомните за која храна станува збор е дека „ако ви носи среќа или радост“, веројатно тоа е храна со висок гликемиски индекс.

Стресот не е фактор

Може да забележите дека мозолчињата почнуваат да се појавуваат за време на стресни настани или нарушувања во вашата вообичаена рутина. Пред да ги обвините сокот или слатките, земете го стресот како можен фактор за појава на акни. Не може да се каже дека слатките не се виновни бидејќи стресот и лошата исхрана често одат рака под рака.

Не мора да мачкате ништо

Недоволната хидратација може да биде еден од факторите. Телото ќе го компензира недостатокот на лосиони и креми со тоа што ќе почне да ги произведува своите природни масла и на тој начин ќе ги затне порите. Затоа, погрижете се за соодветна хидратација, а тоа нека бидат производи без масло и некомедогени.

Користењето пилинг помага

Ова е исто така спротивно од она што треба да го правите. Пилингот може да ја иритира кожата и да ги влоши вашите акни.

Акните се појавуваат само за време на пубертетот

Со оглед на различните фактори кои можат да предизвикаат појава на акни, и возрасните можат да ги имаат овие проблеми долго по пубертетот.

Добро е акните да се стискаат

Ова дефинитивно не помага, напротив. Може да доведе до инфекција, воспаление и можни лузни.

Изложеноста на сончева светлина може да ги излечи акните

Дерматолозите се согласуваат дека изложувањето на сонце всушност може да ги влоши акните и да ги направи тие да траат подолго, што доведува до лузни, темни дамки и пост-воспалителна хиперпигментација.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе