Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со 55 победи во 2022 година

Со 55 победи од 85 дуели најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја помина 2022 година.

За Ѓорческа година започна лошо со повреда во јануари, но два и пол месеци подоцна се врати на терените и имаше успешна сезона со повеќе победи од вкупниот број на дуели.  Во текот на 2022 таа имаше вкупно 55 победи и 30 порази или стапка на победи од 65 %.  Учествуваше на 24 турнири во поединечна конкуренција (сингл) и на девет турнири во двојки.

Годинава најдобро помина на турнирот Ираклион 10 на островот Крит во Грција каде на 14 ноември победи во финалето и совлада тенисерка од Романија. Турнирот беше со вкупен награден фонд од 25 илјади долари, а како победничка Лина покрај пехар доби и 3.935 долари.  

Воедно таа играше во финалните натпревари на последователниот турнир Ираклион 11, како и финалните дуели од тениските турнири во Санта Маргарита, Италија (во април) како и Оломуц- Чешка (во јуни), но и четвртфиналиња во Мајорка, Шпанија (јануари), Италија (април), Австрија (јуни) и Чешка (јуни).

– Со повредата во Мајорка, во Шпанија, уште во јануари, 2022 година почна малку лошо, затоа што во тенис два и пол месеци ако не играш многу турнири пропушташ и немаш можност да ги одбраниш поените од претходна година. Изгубив поени, кога не играм губев поени. Но потоа се вратив на терените и почнав со подобрување на резултатите, со последните два турнири „ја извадив“ целата година (добиен турнир и пласман во финале н.з), вели Лина Ѓорческа.

Лина здобила повреда на грбот во четврфиналниот дуел во Мајорка. 

– Иако мислев дека не е нешто големо, снимките покажаа поголем проблем. Во следните месеци не тренирав, а со тоа и не одев на натпревари. Два и пол месеци правев вежби за грбот за да можам повторно да тренирам и да се натпреварувам, раскажува Лина.

Враќањето на тениските терени беше повеќе од успешно. Уште на првиот турнир во април во во Санта Маргарита, Италија успева да стигне до финалето. Иако не го освојува турнирот, самиот пласман во финалето после подолг период отсуство од тениските терени е голем успех за најдобрата мак едонска тенисерка.

Од деветте турнири во двојки го освои турнирот во Италија, а стигна до два финални дуели и еден во полифинале.  

До крајот на декември ќе се знае и вкупниот број на поени со кои ќе се обиде да обезбеди место на престижниот интернационален турнир Австралија Опен, каде за прв пат беше во 2017 година.

 – Оваа година требаше да се натпреварувам на Вимбилдон, но поради сплет на околности тоа не се случи. Ранкингот беше доволен да ме примат за учество на овој турнир, но проблемот беше во тоа што немаше доволно време за да извадат виза за Велика Британија, вели тетовската тенисерка.

По интезивниот турнир во Грција направила пауза, па потоа ќе се врати на тренинзите кои ги прави во Скопје. Тренира во тенискиот клуб Југ.

– Јас сум член на ТК Југ, но ако одам на турнир кој се игра на бетонска подлога тренирам на некое друго мести. Со оглед дека претежно настапувам на турнири со земјена подлога, вежбам на терените на ТК Југ. За учество на турнир зависи од периодот на година, но ако имам можност да одберам, бирам да играм на земја. Почесто се пријавувам за сингл натпреварите на секој турнир, а за во двојки зависи дали ќе се пријавам воопшти и дали има пријава некоја колешка со која можам да се договорам за заеднички настап, вели Ѓорческа.

На светската листа на Женската тениска асоцијацијa (Women’s Tennis Association-WTA) Лина е на 243 место, додека во двојки е на 376-та позиција. На рангирањето на Меѓународната тениска федерација ИТФ е на 36 место. Најдобро место во минатото Лина имала на 170 позиција на WTA во 2007 година, додека во двојки 116 место исто така во 2017 година.

Таа е родена 1994 година и потекнува од спортско семејство. Татко и Владимир-Ципа беше одбојкар, а мајка и Виолета кошаркарка. Со кошарка се занимава и нејзиниот брат.

 Александар Самарџиев  

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе