Најпопуларната пица во светот во Македонија погрешно се прави

Филип Здравески
/ 09.08.2023 / 14:32

Кога во македонски ресторан ќе порачате пица capricciosa, нема шанси да ја добиете вистинската италијанска пица, туку ќе добиете со погрешни состојки, а најчесто и погрешно напишана во менито.

Вистинска капричоза

И пред да објасниме каде се грешките во состојките, на самиот почеток да разјасниме една работа околу името на пицата: во никој случај не се вика капричИоза, туку се вика капричоза. Тоа „И“ е вишок од просто непознавање на италијанскиот јазик. За пред тврда самогласка да се добие гласот ч, Италијанците ја користат латиничната буква „И“, односно „I“. Така, за да изговорат чо, ча и чу мора да напишат cio, cia и ciu, во спротивно, без „I“ co, ca и cu ќе бидат ко, ка и ку. Оттаму е тоа „И“ во капричоза. Затоа и чао на италијански се пишува ciao и во никој случај не се изговара чиао. За Италијанците кога ќе кажете капричИоза е исто како да се кажале еКспресо.

Да се вратиме на самата пица. Во Македонија, па и други балкански земји, ако нарачате капричоза ќе добиете пица со доматен сос, шунка, шампињони и кашкавал. Пицата е вкусна, нема збор за тоа, но проблемот е што оваа пица нема допирна точка со пицата капричоза.

Ако отидете во Италија и таму порачате капричоза (внимавајте да не кажете капричИоза оти може да ви се изнасмеат) ќе добиете пица со доматен сос, пршута, шампињони, моцарела, маслинки (црни и зелени) и артичока. Неретко на пицата има и варено јајце. Значи, од толку состојки, во Македонија добивате само две вистински - доматен сос и шампињони, со чест на ретките исклучоци кои употребуваат моцарела наместо некој кашкавал.

Капричоза со јајце

Оригиналната капричоза практично ги има истите состојки како и пицата позната како quattro stagioni, која исто така кај нас погрешно се прави бидејќи никаде нема да добиете артичока на пицата. Разликата помеѓе двете пици е што кај капричозата состојките се измешани, додека кај она што ние би го превеле како „4 годишни времиња“ состојките се распоредени во четири еднакви делови и тоа: шампињоните за есен, пршутата и маслинките за зима, артичоката за пролет и доматите и босилокот за лето.

Инаку, капричозата е измислена во истоимениот ресторан „La Capricciosa“ Рим во 1937 година. Ресторанот постои и денес и се наиѓа на улицата „Ларго деи Ломбарди“ на пола пат од Фонтана ди Треви до Пјаца дел Пополо.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Живот

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Read more

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more
 

Магазин

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе