Намирници кои може да ги јадете без страв од дебелеење

МИА
/ 02.06.2022 / 12:21

Исхраната е еден од најважните аспекти за одржување добро здравје. А, за оние што внимаваат на линијата за да избегнат дебелеење, стручњаците препорачуваат повеќе намирници во коишто може да се ужива „без никакво каење“, при редовно вежбање.

Лубеницата може да се консумира секогаш и во речииси неограничени количини. Богата е со вода и го помага варењето, како и согорувањето на калориите. Покрај тоа, го подобрува и квалитетот на кожата. По правило, се препорачуваат една до две порции овошје дневно. Тоа може да се јаде свежо, но и во облик на смути.

Салатите од зеленчук го држат нивото на шеќер во крвта под контрола и ја задржуваат ситоста. Зелката, спанаќот, брокулата и карфиолот се добро познати сојузници против вишокот килограми. Тие се богати со хранливи материи, а се многу здрави.

Семките од тиква и сончоглед се полни со хранливи материи. Може да се јадат со појадокот или вечерата, а се одличен додаток и во разни салати, овес или смути. Тие се нискокалорични и добар извор на здрави масти и микронутриенти, па може да се земаат секој ден. Исто така, ја задржуваат ситоста.

Пуканките не дебелеат освен ако не додавате премногу путер и многу сол на нив. Немаат многу калории, но имаат висок процент на влакна, го потиснуваат апетитот, па и тие така го зајакнуваат чувството на ситост повеќе од други популарни грицки.

Житарките сите се прилично здрави, но тука би го истакнале амарантот, што е без глутен, нискокалоричен и е одличен извор на железо и калциум и може да се консумира секојдневно. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе